2win800x200

Почна со работа зонското паркирање во Битола

Септември 15, 2019

Јавното претпријатие за паркинзи денес отпочна  со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање  во трите зони А, Б и Ц. Со овие паркинг места и затворените паркинзи, претходно  6 години управуваше приватен концесионер

 

Граѓаните ќе можат да  платат паркинг простор  со испраќање на СМС порака, со купување на билет за паркирање или со поднесување на барање за добивање на повластена паркинг карта. Наплатата на услугите ќе се врши согласно новиот ценовник.

-Цената на паркинг услугата во зона А изнесува 30 ден за паркирање од 2 часа плус 25 ден секој нареден час. Во зона Б - 20 ден за паркирање од два часа плус 20 денари секој нареден час. Зона Ц 30 денари паркирање цел ден, информираат од ЈП за паркинзи. 

Наплатата на паркинг услугите ќе се врши во период од 7-21 часот од понеделник до сабота. За време на недела и државни празници нема да се наплаќа услуга за паркирање.

Општина Битола зонското паркирање го воведе во 2013 година, а  претходната локална власт концесијата на тогашниот  концесионер му ја издала за 2000 евра месечна кирија.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани