Подметнати пожарите во Општина Могила?

Септември 17, 2019

Веќе една недела горат атарите на селата Мојно, Путурус, Дедебалци, Лознани, Ивањевци, Беранци. Десет лица вработени во Општина Могила и ЈКП Пела хигиена веќе неколку дена се на терен на гаснење на пожарите во овие села, потврдува за Апла.мк градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Според неа четири напуштени куќи се опожарени во селото Путурус,  а денеска едвај е спасена од пожар куќа во селото Лознани.  

-Седум дена наши волонтери се на гаснење на пожарите заедно со пожарникарите во неколку села во Општина Могила. Се прават натчовечки напори да се справат со огнот, но по се изгледа тие не се случајни. Додека едни гаснат нови веднаш се палат, и тоа е крајно симптоматично. Дојдовме до ситуација ден и ноќ да ги чуваме старите манастири и цркви од нови пожари.  Затоа  ќе повикаме до надлежните да поведат истрага и да ги испитаат сите пожари поединечно. Одговорност мора да има да направената штета, изјави за Апла.мк градоначалничката Гулевска.  

И вечерва се активни неколку пожари во Општина Могила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани