Webp.net gifmaker

Се покачуваaт платите во „Водовод“ и „Нискоградба“

Септември 19, 2019

Платата на вработените во Јавното претпријатие „Водовод“ се зголемува за 5 проценти, а исто така се зголемува и бодот за исплата на плата на сите вработени во ЈП „Нискоградба“ од 13 септември годинава. Ваквите одлуки на јавните претпријатија денес добија и согласност од Советот на Општина Битола.

 

„Водовод“ доби зелено светло и и за Годишниот план за вработување за следната 2020 година. Советот даде согласност за в година да испланираат 57 нови вработувања, а 20 лица заминуваат во пензија. Според законските обврски, јавните претпријатија мора да изработат Годишен план за вработувања за идната година и тој да биде прифатен од Советот.

Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не е против вработувањата, само смета дека јавноста треба да знае за нив, дека ќе бидат вработени уште триесетина повеќе од оние места што ќе се испразнат со пензионирање.

Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Козаров рече дека кај нив постојано има потреба од стручен кадар зашто и обемот на работа е зголемен, но тоа финансиски не го оптоварува претпријатието и нема да предизвика превработеност. Обемот на работа е зголемен, а и работниците мора прво да се обучат од постарите вработени, па затоа не може некои места да се пополнуваат само по пензионирање.

„Вработувања во 2017 година кога ја презедов функцијата биле во бројка 208, до вчера се 214 вработувања. Имаме 10 пензионирања и 4 лица по друг основ напуштиле , а имаме најава во 2020 година за 20 нови пензионирања. Мора кадарот кој треба да ја преземи работата да го обучиме. Кај теренските работници работата е од висок ризик и мора да го преземат знаењето од постарите работници“, рече Козаров.

Тој додаде дека денес имаат 500 километри мрежа за одржување, па со тој обем на работа имаат потреба од квалификуван кадар.

„Мислам дека не е проблем луѓе да се вработуваат кои соодветно одговараат на потребите на ЈКП, а при тоа да е се наруши финансискиот дел и да не се создаде превработеност. Досега не сме вработиле ни едно лице од кое немало потреба, сето тоа се лица работиници кои требаат за на теран“, додаде Козаров.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани