„Не можете да говорите за умирање ако ја имате моќта на здивот на животот“-Петровска одговори на герилата на Поинаку

Септември 21, 2019

Никогаш не можете да говорите за умирање ако ја имате во предвид моќта на здивот на животот, порача градоначалничката на Битола Наташа Петровска на свеченoто затворање на јубилејнoто 40. фестивалскo издание на „Браќа Манаки“ вечерва во Битола.

Обраќајќи се вака од бината Петровска индиректно им одговори на независната иницијатива Поинаку за герилата што ја направија на отворањето на фестивалот носејќи маички со натпис „Кажете им на облаците дека Битола умира“.

„Видовме како 40 години умееме да танцуваме со светлината, да ги допираме ѕвездите и да уживаме во филмот. Ви посакувам добро здравје и да имаме следни 40 вакви години со кои ќе всадиме нешто ново во иднината. Понесете убави спомени од фестивалските денови“, рече Петровска.

Вечерва се доделуваат наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани