2win800x200

Вредни битолчанки изработија завеси за Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје

Октомври 01, 2019

Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје од недомана ја красат завеси изработени од вредните раце на членките на Организацијата на жени од Битола. Битолчанки го заокружија целокупниот амбиент во спомен собата каде сите предмети се автентични и рачно ги изработија завесите на прозорците. Иницијативата е на Организација на жени, а идејата се родила пред неколку месеци

71327977 528522777901852 6015718262078177280 n

-При посетата на Спомен куќата на Мајка Тереза во месец мај забележав дека сите прдмети од музејската поставка се оригинални и автентични, но завесите воопшто не одговараа и не се вклопуваа во тој амбиент. Тогаш го прашав директорот Ариан Асланај, дали е прифатливо членките на Организација на жени да изработат завеси и да ги донираат во Спомен куќата на хуманитарката. Тој најпрво беше изненаден, но со задоволство ја прифати нашата идеја, вели Светлана Петковска, претседател на Организација на жени од Битола.

70412900 2475761765779780 6377133854456545280 n

Потоа следеше период од неколку месеци на изработка на завесите. Членките набавија материјал, конец за плетење, едни плетеа, други го шијеа платното за завесите, а пред неколку дена донацијата ја предадоа онаму каде што ветија.

-Денес за мене и за мојата Организација на жени беше голем ден. Пред некој месец ветивме, а денес остваривме. Сплетивме и сошивме завеси за Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. Таа правеше за цел свет добрини, еве ние малку за неа.Среќни, весели и горди, напиша Петковска на својот ФБ профил

И на веб страницата на Спомен куќата на Мајка Тереза, како последна вест е токму донацијата од Организација на жени, завесите кои го надополнија автентичниот  амбиент.

spomen kuka mjaka tereza1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани