Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

Фатени дрвокрадци од Крушево кои „оперирале“ во Демирхисарско

Октомври 04, 2019

Шумската полиција од Демир Хисар при организирана акција заедно со шумочуварската служба од Национални шуми „Бигла“-Демир Хисар затекнаа на лице место четири лица од Крушево при дива сеча на дрва. Дрвокрадците  подолг период „оперирале“ низ демирхисарските шуми и биле следени од шумската полиција, дознава Апла.мк. 

Во успешно спроведената акција одземени се десет метри дабови огревни дрва, товарно моторно возило и фалсификуван импровизиран жиг за жигосување на дрва. За сторителите поднесени се соодветни пријави.дрва 2

дрва 3

дрва 4

дрва 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани