Талески трошел по 50 илјади евра само за една новогодишна прослава, откри Борче Димитровски

Ноември 23, 2017

Општина Битола да се откаже од прославата на Нова Година на плоштадот Магнолија и средствата да бидат наменети за набавка на еколошки билборди, побара денеска , Борче Димитровски , советник  од опозицијата во Советот на Општина Битола, обелоденувајќи досега за јавноста непозната информација , дека изминатите години бившата локална власта од ВМРО-ДПМНЕ, трошела околу 50 илјади евра само за дочек на Нова Година.

 

Новата власт се шокираше  колку пари ВМРО-ДПМНЕ, трошела само за една прослава. Во 12 годишното владеење ВМРО-ДПМНЕ и Талески, никогаш не дадоа  отчет на прашањата на новинарите, на опозицијата и на јавноста колку пари се трошат годишно за славењето на Нова Година.

-Со оглед на тоа што Битола 22 дена е најзагаден град во нашата држава , сметам дека набавката на овие билборди ќе има придонес да се намали загадувањето . Вакви билборди се поставени во Тетово и Скопје и тие растенија ја привлекуваат  ситната прашина од ПМ 10 и ПМ 2, 5 честичките и ја претвораат во фито-маса која ја користат како исхрана. Лесни се за одржување и заменуваат 275 дрвја и го намалуваат штетното влијание од 471 автомобил. Пазарната вредност на билборд според наши информации е 25 илјади евра, а праксата изминатите години на средства кои се одвојуваа за прославата беше околу 50 илјади евра. Така доколку ја имаме истата сума би можело да се набават два билборди, рече Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ,советник и локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.  

Претседателот на Советот, Валентин Груевски , кој предходно беше  советник во неколку мандати   беше  изненаден  колку бившата власт под раководство на Талески  трошела само за една новогодишна прослава.

-Денеска слушнавме еден многу интересен податок дека Општина Битола трошела годишно по 50 илјади евра за новогодишната прослава. Оваа година прославата за Нова Година ќе биде поскромна и поефтина и  нема да се потрошат толку пари.  Парите што ќе ги потрошиме ќе бидат многу помали отколку цената на чинење на еден еколошки билборд. Никако нема да пренамениме 50 илјади евра, бидејќи такви пари не се предвидени и нема да ги потрошиме, рече Груевски.

Димитровски, пак,  незадоволен од неприфаќањето на неговиот предлог рече дека граѓаните ќе бидат  заложници на лицемерна и алиби политика во следните 4 години.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани