Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

Иди зима, субвенции за 2500 инвертер клими во Битола од Владата, возврати Петровска

Октомври 09, 2019

„Иди зима, субвенции за 2500 инвертер клими во Битола обезбедени од Владата“, напиша на својот фб профил градоначалничката Наташа Петровска. Ова дојде како своевиден одговор на лепенките со радиоактивни знаци што беа исполепени денес од непознати лица низ шахтите во Битола, а на кои пишуваше „Иди зима“.

Иако лицата што ги поставија се непознати, сепак во одредени групи на фб се критикуваше дека биле залепени оти фалеле мерки за почист воздух.

 Градоначалничката во постот го пренесува премиерот Зоран Заев од денешната прес конференција на која изјави дека греењето на домаќинствата е најголем загадувач на воздухот, па затоа одлучиле да субвенционираат инвертер клима уреди за 10.000 домаќинства од Скопје, Битола, Тетово и Кичево. Овие најпогодени градови, се вклучени во првата фаза, која ќе продолжи да се применува и во другите градови во наредните фази.

„Инвертерите не само што се еколошки, туку се и најевтини начини за загревање. Греењето што загадува и го загрозува здравјето на луѓето, го менуваме со еколошко и поевтино греење“, рече Заев.

За реализација на еко-мерката, обезбедени се 10 милиони евра од страна на АД ЕСМ, во чии рамки е и РЕК „Битола“, кој екологистите редовно се посочува како загадувач. Често пати на социјалните мрежи се упатуваат критики дека треба да плаќа за загадувањето. ЕСМ редовно издвојува секоја година процент за отштета на општините кои трпат загадување од РЕК, а сега се извојуваат и средства за клима инвертери.

Инаку, според најавите, приоритет ќе се дава на семејствата со ниски месечни примања, а кои се греат на дрва, нафта или други нееколошки деривати.

Аплицирањето за субвенциите ќе се врши електронски. За да нема злоупотреби, секое домаќинство ќе потпише договор со кое се обврзува старото грејно тело да не го враќа во функција, во спротивно ќе биде казнето.

Покрај субвенционирањето од страна на Владата, субвенции за инвертер клими обезбеди и Општина Битола, кој е засебен проект. Општина Битола ќе обезбеди поврат од дел од потрошените средства, односно 30 проценти од вредноста на набавениот клима уред, а тоа да не е повеќе од 20.000 денари. За оваа намена предвиден е износ од 2,5 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани