Webp.net gifmaker

Некои ги боли срцето оти ќе добиеме датум за преговори, рече Заев во Битола

Октомври 14, 2019

„Веројатно се од групата која има три проблеми со срцето, душата и петите“, рече премиерот Зоран Заев за групата битолчани која собрана спроти Општината свиркаше кога тој и министрите влегуваа во општинската зграда за да одржат владина седница, за првпат во историјата на државата, во Битола.

 

„Им се кине срцето на некои луѓе зашто ќе добиеме датум за почеток на преговори после 15 години, ги боли душата затоа што сме веќе членка на НАТО неколку месеци се во прашање и од петни жили се обидуваат да конструираат сценарио и лаги и вака да регираат. Мое останува да ги повикам ова е заеднички успех на сите, следуваат убави денови за нашата земја на правиот пат сме“,изјави Заев.влчада3

Запрашан дали Меркел го убедила Макрон земјава да добие датум за преговори со ЕУ рече „врувам дека овој процес синоќа на разговори е почнат и ќе продолжи да се разговара. Информиран сум дека владите на Германија и Франција имаат заеднички состанок некаде во среда. Утре веќе почнува ГАК или министерскиот совет, ќе ги знаеме и првите индиции и 17 и 18 октомври е Советот на Европа. Ќе напоменам останувам силно убеден дека ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите. Верувам дека и оние аспирации на Франција за да вгради нова методологија со која ќе даде фер шанса за сите земји кои преговараат, како што сме ние , да одат напред ако имаат добри перформанси и успеваат да одат побрзо напред, а ако перформансите ги уназадат да се вратат назад. Нема земја во последните 20 години освен Северна Македонија што заслужува повеќе да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите што ја чекаме 15 години“, рече ЗАев.

За возот кон Лерин рече дека се чека информатичката коненција, која треба да биде пуштена за менаџментот на возните линии.vlada

vlada 2

Инаку Заев во сите министри во Битола ја одржа 159 редовна седница на Владата. 

„Ова е прва во низата седници што во следниот период еднаш месечно ќе се одржуваат во ралични региони во државата. Сакаме да бидеме уште поблиску до граѓаните и локалните самоуправи да ги слушниме нивните приоритети и потреби. Приоритет ќе дадеме на информации и одлуките за проектите од непосреден интерес на граѓаните од овие општини. Вака ќе покажеме дека ја поддржуваме децентрализацијата“, рече Заев.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рече дека Владата со ваквиот чекор покажува отвореност кон општините, но и посветеност на најголем дел од средствата да ги врати токму до општините, локалните самоуправи, токму онаму каде што се граѓаните со нивните потреби.

влада 33

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани