2win800x200

Розов марш низ Широк Сокак за борба против ракот на дојка

Октомври 19, 2019

Низ Широк Сокак денес се одржа Розов марш за борба против ракот на дојка на кој многу битолчанки зедоа учество, а го организираа здруженијата ,,Златно перо", ,,Јасмин" и други нво организации. 

,,Апелираме за превентивни прегледи на дојка кај жените. Октомври е месец на борба против рак на дојка. Од она што го имам како информација без некоја детална истражувачка статистика многу малку жени одат на превентивни прегледи. Но, се надевам дека маршот и хуманитарниот панаѓур ќе поттикнат да има што повеќе прегледи, подобро да превенираме отколку да лечиме", рече Наумовска Јулијана од здружението ,,Златно перо". 

Анета Димитриевска претседател на здружението Јасмин за поддршка на заболени лица рече дека во Битола голема е бројката на болни и според последните статистички податоци  има над 2000 лица болни од различен карцином. 

,,Последните неколку години како да расти свеста кај луѓето дека превенцијата е многу важна. Во Битолската болница е донесен и нов апарат за ехо на дојка и можат да се вршат прегледи на нова апаратура. Многу од жените стравуваат да одат на прегледи, но стравот не смее да биде пресуден. Поаѓајќи од себе како онколошки пациент, секој човек треба од својата психа и моралитет, да се соочи со проблемот, а потоа да побара помош од сите релевантни институции", рече таа. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани