2win800x200

Дест години од смртта на Ајри Демировски -Стих од „Битола мој роден крај“ испишан на неговиот гроб во Измир

Октомври 21, 2019

Денеска се навршуваат десет години од смртта на битолскиот песнопоец Ајри Демировски.

Стих од најпознатата песна „Битола мој роден крај“ испишан е на надгробната спомен плоча на  Демировски во Измир, Турција. Надгробниот споменик е во вид на нотна тетратка, а на него се испишани ноти од познатат песна што Ајри на живот ја напишал за својот роден крај.

Тој бил роден во Битола 1927 година, а за родниот крај ги испеа и најубавите песни што се пеат до денес. Меѓу нив покрај „Битола мој роден крај“, исто така и „Мариче ле лично девојче“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Таму мајко ле близу Битола“ и други. Демировски своето музичко творештво го имаше посветено на Битола, иако се пресели во Турција и таму помина голем дел од својот живот.

 Демировски при последните посети на Битола засади дрво во непосредна близина на Градскиот часовник .

ајри

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани