2win800x200

СЕ ИЗГОТВУВА РЕГИСТAР НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ОНЛАЈН МЕДИУМИ, БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ЌЕ ГО СЛЕДИ

Октомври 25, 2019

Во тек е изработка на регистар на професионални онлајн медиуми од страна на Советот за етика заедно со Здружението на новинари на Македонија како дел од заложбите за заштита и промоција на професионалното  новинарство во услови кога интернетот е преплавен со лажни вести и портaли кои не ги почитуваат професионалните новинарски начела.

Претседателите на ЗНМ и Советот за етика, Младен Чадиковски и Катерина Синадиновска, во Битола пред битолските и прилепските новинари, а во присуство и на претставниците од Регионалната стопанска комора ги претставија критериумите кои треба да ги исполнува онлајн медиумот за да се впише во регистарот.

Тоа се: медиумите да имаат наведено импресум со податоци за уредник, редакција, основач и контакт- податоци. Да се согласат/потпишат дека ќе ја поддржат саморегулацијата/ќе го почитуваат Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување и Статутот на СЕММ. На својата страница да постават банер со кој се обврзуваат дека ќе ги почитуваат принципите на Кодексот (и саморегулацијата). Објавените текстови да се потпишани од автор. Да се портали кои редовно објавуваат информативни содржини од јавен интерес. Да имаат наведено ценовници за рекламирање. Да имаат регистрирано мк – domain. Да ги објавуваат одлуките на СЕММ и да се вклучуваат во процесот на медијација. Податоците се впишуваат во формулар и со потпис и печат на одговорното лице се доставуваат електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Регистарот ќе се изработи до крајот на октомври, а потоа ќе биде доставен до бизнис заедницата да знаат кои онлајн медиуми фелата ги препознава како професионални.

„Саморегулацијата на онлајн медиумите ги интересира новинарите, но и бизнис заедницата зашто во ова време таа не може да ја препознае во доволна мера медиумската слика онака како што треба. Дел од бизнисмените ретко кога го познаваат опшествениот моментум за тоа дека медиумите се алатка за вистината и за она што им треба туку ги гледаат медумите како нужно зло на кое некогаш и некаде ќе му помогнат да не пишуваат за нив или против нив. Тоа не е генерално, но постојат голем број такви примери. Локалните медиуми се соочуваат со огромни проблеми во своето постоење, а со оглед на онаа централизација на рекламите, многу од компаниите од Битола и Прилеп ги пласираат рекламите во Скопје. Би повикал на малку локал патриотизам да ги ставиме и оние медиуми кои тука се мачат на пазарот во една подобра ситуација“, рече Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.ZNM SEMM Bitola 1 300x185

Синадиновска рече дека новинарите како фела се одговорни да најдат механизам како да се подобри професионалноста и стандардите во онлајн просторот, а при тоа да се избегне интервeнција од страна на власта или државата.

„Дојдовме до идеја за регистарот од кој бенефит ќе имаат сите, најмногу порталите зашто ќе се профилираат оние кои се сериозни и професионални, ќе има полза и бизнис заедниците зашто ќе им биде од нас презентирано што е тоа што од нашата фела и низ нашите филтри сме го прогласиле за професионално и добро. Ќе може да профитира и бизнис заедницата зашто дел од фирмите се ставени во лоша состојба оти мора да финансираат медиуми штитејќи се себе си или плашејќи се од јавниот збор“, рече Синадиновска.

Уникатен е процесот зашто за првпат се вклучува бизнис заедницата. Бизнисмените порачаа да се создаде регистарот, а тие ќе го следат.

„Мојот став е дека медиумот треба да биде вашиот пријател кој не треба да го користитите само кога ви треба, туку ваш пријател во континуитет. И не треба да ги ставме на маргините. Жал ми е што една таква клучна професија за демокаратските процеси на едно општество е маргинализирана. Економската незвисност не става во така позиција. Затоа прашање е како може таа економска независност да ја подобриме“, рече Ирена Јакомовска претседател на Регионлната стопанка комора во Прилеп.znm 5

Од Прилеп на средбата присуствуваа десетина компании, а од Битола само еден- Битолската млекарница „Бимилк“. Интересот кај новинарската фела беше голем, па присуствуваа давесетина новинари кои се пожалија дека се соочуваат со недостиг на финансиски средства, додека дел од рекламите од бизнисите во Пелагонискиот регион завршуваат на медиумите во Скопје, а законски е забрането државните институции да се рекламираат во медиумите. ZNM Bitola 2 e1572020368441

ZNM Bitola 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани