Во Битола се изработувале ѕвонци уште од римско

Октомври 26, 2019

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

 

Седум факти за битолските ѕвончари кои можеби не сте ги знаеле, а се изнесени во книгата „Ѕвончари“ на етнологот Мери Стојанова. 

1.На територијата на Битола најстарите ѕвона датираат од римскиот период, поточно од втор до четврт век од нашата ера и тие биле отриени во седумдесеттите години на 20- от век на археолошкиот локалитет Хераклеја. Основната ритуална и сакрална функција на ѕвоното условила тоа да се користи и во раниот христијански период.

2.Првите црковни ѕвона на Балкнаот се спомуваат од 11 век, но со потпаѓањето на Македонија под турска власт и воведувањето на забрана за користење на црковни ѕвона, наместо нив почнале да се користат клепала. Забраната се одразила врз појавата и развојот на ѕвончарскиот занает во Македонија, а воедно и во Битола. Па така, ѕвончари леари се појавиле во 19 век во Битола.

3.Во првата половина на 20 –от век во Битола работеле шест ѕвончарски дуќани со следните мајтори: Илиевски Вангел, Христовски Методија, Христов Христо, Христов Петар, Стерјов Ташко и Коколого Јани.

4.Основните суровински материјали мајсторите ги добивале по пат на откуп. Тие најчесто откупувале предмети, а особено гранати, чаури и слично, кои заради честите и бурни воени дејствија ги имало во изобилство на пошироката територија на Битола. Во битолските дуќани се случувало растопениот месинг од ваквите производи да се лие во калапи и потоа да се испраќа во Загреб за потребите на тамошната индустрија.

5.Во Југославија отворањето на фабриките „Металец “ во 1948 година, Фабриката за фрижидери, „Ремонт“ и други кон крајот на 50-тите години во 20 –от век , во голема мера влијаело врз опстојувањето на оваа занаетчиска дејност. Голем дел од искусните мајстори, а во голема мера и нивните наследници, почнале да се вработуваат во новоотворените индустриски капацитети.

6.Се правеле камбани како црковни ѕвона од околу 100 килограми бакар и 27-30 килограми калај.

7.Биле мала еснафска заедница, а еснафскиот празник на ѕвончарите бил Елен- Костадин кој се славел на 3-ти јуни секоја година. Кумството се предавало по некој воспоставен ред од еден на друг мајстор без исклучоци зашто ѕвончарите биле малубројни.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани