2win800x200

Настап на Камерниот оркестар како увертира пред Свечената академија

Ноември 04, 2019

Со изведба на свечен марш Камерниот оркестар на средното музичко училиште од Битола настапува во моментов пред салата на Народниот театар  како увертира пред Свечената академија. Вечерва Општина Битола ќе ги додели наградите 4 ти Ноември. За животно дело наградата ќе оди во рацете на Благоја Стефановски -Баге актер по професија , поранешен директор на Битолскиот народен театар и поранешен министер за култура. Вечерва  општината ќе додели и седум едногодишни награди односно признанија и тоа на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Градинката „Мајски цвет“, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска и печатницата Киро Дандаро.

74235539 1313309968847418 4411543720709586944 n

Оркестарот беше погласен од групата биотолчани кои пред Центарот за култура со запалени свеќи бараа чист воздух.

74402285 3067928996556838 8722675035933769728 n

редакција Апла.мк

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани