КОЗАРОВ ВО „ВОДОВОД“, А БОГОЕВСКИ ВО „КОМУНАЛЕЦ“

Ноември 29, 2017

Горан Козаров најверојатно ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие „Водовод“, а Панде Богоевски прв човек на ЈП „Комуналец“, неофицијално дознава Апла.мк. 

Ова се очекува да бидат дел од кадровските смени во јавните претпријатија во Битола, каде неодамна беа променети и Управните и Надзорните одбори. Неофицијално дознаваме дека идниот директор на Јавното претпријатие „Нискоградба“ најверојатно ќе биде Менде Силјановски.

Козаров ѝ е познат на битолската јавност како советник од редовите на СДСМ во изминатиот период. Тој заедно со Богоевски беа кандидати за советници од СДСМ и за овој состав, но на последните две места од листата, па не влегоа во советничките редови.

Во изминатиот период со јавните претпријатија во Битола директоруваа кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Така, со години на чело на ЈП „Нискоградба“ беше Кире Крстевски, со ЈП „Водовод“ подолго време директоруваше сегашниот пратеник Зоран Илиоски, а потоа Горан Стефановски, а со „Комуналец“ Зоран Соклевски. Директорите беа соработници на екс градоначалникот Владимир Талески, па се појавуваа на пресовите што ги одржуваше промовирајќи инфраструктурни проекти во градот. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани