2win800x200

25 милиони денари од ЕСМ и РЕК за пелагониските општини, во Могила се градат паркови

Ноември 23, 2019

Акционерското друштво ЕСМ и РЕК „Битола“ оваа година издвоија 25 милиони денари за општините Битола, Могила и Новаци кои гравитираат околу Комбинатот преку програмата за произвиодство на струја од фосилни горива при Министерството за животна средина. Според посебната методологија за распределба на средствата, 14 милиони денари добива Општина Битола, над 6,5 милиони денари Новаци и над 3 милиони денари Могила. Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, денес изврши увид во Беранци каде Општина Могила со добиените средства прави парк.МНОЗИ 2

„Во Беранци со дел од овие средства се изработува паркот, а вакви паркови во Могила се прават и во други населени места и тие се плод на заедничката соработка со Општина Могила, Советот и градоначалничката. Сметаме дека ваквите паркови ќе го подобрат животот и животната средина“, рече Ковачевски.

Тој најави уште една голема еколошка акција.

„Акционерското друштво ЕСМ и РЕК Битола во почетокот на декември ќе започнат акција за пошумување со 50 илјади багремови садници околу комбинатот РЕК ‘Битола’. Дел од нив ќе бидат во делот на Логоварди и Агларци со што конечно по повеќе најави ќе се формира таканаречениот зелен појас околу комбинатот со цел да ја заштитиме животната средина и ќе го подобриме животните услови на жителите во овие населени места“, рече Ковачевски.

На местото каде што се се направи парк во Беранци, претходно беше нива каде жителите ги паркирале своите превозни средства, комбањи, трактори и камиони. Но, сега средселото доби поурбан лик.

„Од програмата за фосилни горива при Министерството за животна средина, Општина Могила секоја година добива 3100 000 денари. Со нив сега гради паркови и раззеленува површини на шест локации во шест населени места. Освен во Беранци, се гради парк и во село Долно Српци, Вашарејца, Лознани, Ношпал, Могила и пешачка патека од 500 метри во Дедебалци. Наш императив и во буџетот за следната 2020 година ќе биде размномерен развој и разеленување на нови зелени површини и заштита на животната средина во сите населени места“, рече градоначлничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.МОЗИ 3

Во општина Могила пред да стане градоначалник, паркови и зеленило имало само во село Могила, а сега со паркови се разубавени и други населби.

„Изградивме нови паркови и во Добрушево, Дедебалци, Будаково , Мусинци, со овие шест локации каде што годинава правиме паркови, ќе ни останат многу малку населени места без вакви површини. Општината веќе добива нов лик. Инвестираме и во друга форма за здрава животна средина. Од минатата година со изградбата на новото училиште во село Ношпал купивме нов котел на пелети, училиштето се грее на пелети , додека и во Добрушево од оваа учебна година се греат исто така на пелети“, рече Гулевска.ПАРК 4

Инаку, средствата од Програмата за производство на струја од фосилни горива, ги обезбедува ЕСМ и се испраќаат до Министерството за животна средина, од каде по утврдена методологија им се испаќаат на општините кои се околу РЕК за еколошки проекти. 

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани