Webp.net gifmaker

Цела ноќ извлекуваме мртви тела, сведочи Петар Нолев ексклузивно за апла.мк

Ноември 27, 2019

„Цела ноќ се боревме под урнатините да извлечеме настрадани, глетката е ужасна, сосотојбата кататрофална“, вака за апла.мк сведочи познатиот планинарски водич и спасувач Петар Нолев, кој  со уште тројца битолчани од тимот за Спасување на планини и високи објекти се вклучени во спасувачките акции за извлекување на настраданите во земјотрест во Драч, Албанија. Овие спасувачи се дел од тимовите составени од 42 припадници на републичките сили координирани од Дирекцијата за заштита и спасување.

Тие од вчера попладне се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти. Тимот добива комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес. На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.

-Се соочуваме со многу тешки ситуации. Ноќеска од 2 часот по полноќ до 7 часот утрово, извлекувавме двјаца браќа врз кои се урна куќата во која живееле. Нивните семејства се спасиле, но мажите останале затрупани под урнатините. Имавме тешка задача да ги извлечеме нивните мртви тела. Успеавме, иако речеиси беше невозможно. Тажно, многу тажно, вели Нолев, за апла.мк

Од тимот велат дека состојбата би била уште покатастрофална доколку земјотресот беше за време на летната туристичка сезона, затоа што што во Драч може да се видат  хотели кои се во иста линија, но дел се разрушени, а дел го издржале земјотресот што упатува на тоа дека не се градело по  стандарди.

Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.

Владата вчера донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

Е.М.

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 3

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 2

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 3

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 4

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 5

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 6

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 7

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 8

27112019 VRSM strucni timovi prva pomos Albanija 9

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани