Техничкото училиште во Битола доби донација од 133 000 евра од Владата на Р.Бугарија за санација на дограмата и покривот

Декември 03, 2019

Техничкото училиште во Битола доби донација од 133 000  евра од Владата на Република Бугарија за санација на дограмата и покривот на училиштето. Според Владимир Роме директор на СОТУ „Ѓорги Наумов“-Битола ова е прва капитална инвестиција во училиштето по повеќе од  30 години.

-Кон крајот на минатата учебна година аплицирав во името на училиштето за грант за капитални инвестиции до Владата на Република Бугарија за целосна санација на дограмата и покривот на училиштето кои се во очајна состојба и денес ја имав чест да бидам информиран дека грантот ни е доделен. Оваа пријатна вест ми ја соопшти лично конзулот на Република Бугарија во Битола, неговата екселенција г-динот Димитар Иванов. Во оваа прилика изразувам голема и искрена благодарност до г-динот Иванов за неговото несебично залагање да ни помогни во нашата желба да ги подобриме условите за работа во училиштето како за учениците така и за вработените. Исто така благодарност и до Република Бугарија која на ваков начин ги покажува своите намери за унапредување на добрососедските односи со нашата земја. Господинот Иванов беше вклучен во процесот на аплицирање од самиот почеток и несебично се залагаше да нема никаков пропуст во самата апликација. Како што сум информиран поднесени се 55 апликации, а нашата апликација била прворангирана од самиот почеток и е првата која воедно ја одобри министерството за финансии на Владата на Република Бугарија, изјави Роме за Апла.мк.  

77327130 794044567723243 5199981785043173376 n

Во училиштето немало никаква капитална инвестиција од неговото пуштање во работа во далечната 1986 година па се до денес. Дограмата е во очајна состојба, искривена, не дихтува, со процепи од неколку сантиметри низ кои непречено навлегува ладен воздух. Покривот е од азбестни плочи чие штетно влијание е општо познато и секаде во светот истите се исфрлаат како крајно опасни по здравјето на луѓето. Истите се толку стари и распукани што редовно прокапува во училниците и спортската сала при обилни дождови.

78269645 2801472329885048 2594543078693928960 n

-Вредноста на грантот е во износ од 160 000 евра од кои 133 000 евра се обезбедени од владата на Република Бугарија, а останатите средства ќе ги обезбеди општина Битола. За намерата да аплицирам за спомеантиот грант беше информирана градоначалничката Наташа Петровска на која и  е добро позната состојбата на училиштето како претходно вработена во истото и од првиот момент имав целосна подршка во мојата намера. На овој начин уште еднаш се покажува на дело спремноста на општината да ги подобри условите  за работа во училиштата во градот кои ги наследивме во навистина лоша состојба и со блокирани сметки, рече директорот Роме.

78586649 495141054544568 7946228567535255552 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани