Бугарија го поднови училиштето во Бач

Декември 05, 2019

Првата дама на Република Северна Македонија  Елизабета Пендаровска засади дрвце во дворот на училиштето во новачкото село Бач. Таму денес беше промовирана донацијата од Република Бугарија во износ од 45 000 евра со што се реновира покривот и внатрешноста на училишната спортска сала. Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски ги пречека министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. 

 

,,Заедно со Амбасадата и Конзулатот на Република Бугарија го спроведивме проектот за реконструкција  на покривот на училиштето околу 500 квадратни метри и комплетно внатрешно уредување на спортската сала околу 400 квадрати. Донацијата на Бугарија беше околу 45 000 евра и наше сопствено учество околу 9 500 евра. Ова е прв ваков заеднички проект што го реализираме во мојот мандат и се надевам и на натамошна соработка ", рече градоначалникот Кузманоски. bugarskata delegacija donirase i kompjuteri za ucilistata

(Бугарската делегација донира и компјутер за училиштето во Бач)

Амбасадорит Ангелов рече дека ова е дел од нивната програма за поддршка на Северна Македонија и имаат проекти во различни области образование, инфрстаструктура и ќе помагаат во образованието за да можат децата да учат во нормална и модерна средина. 

Сите заедно засадија дрвца во дворот на подрачното училиште ,,Славко Лумбарковски", каде учат 26 ученици. настан

настан 2

настан 3

 

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани