2win800x200

Со семафори ќе се регулира сообраќајот на обиколницата

Декември 03, 2017

Со семафори кои наизменично ќе ги пропуштаат возилата по една коловозна лента, ќе се регулира сообраќајот на обиколницата над Битола која поради одрон на камења е затворена повеќе од една година. Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека деновиве ќе биде отворена, иако станува збор за времено решение, додека се работи на санација на свлечиштата на овој дел од  магистралниот  пат Охрид-Битола-Прилеп. 

Градежните работи на обиколницата  почнаа пред неколку недели, а  на местата каде има одрони се поставуваат челични мрежести коцки со камења. Но, деновиве  се активираше и ново свлечиште, што дополнително ја усложнува работата 

-Министерството за транспорт и врски издаде решение по барање  на фирмата изведувач АД „Илинден“ од Струга за времена измена на режимот на сообраќа, додека се работи на санација на свлечиштето. Најверојатно следната недела ќе бидат поставени семафори со наизменично пропуштање на возила по една лента  и сообраќајницата ќе биде отворена, со што ќе се  растовари сообраќајот во градот. Во меѓувреме се работи на измена на проектот, со кој ќе се решава и проблемот со новото свлечиште, изјави за Апла.мк  Сашо Здравески, државен  инспектор во ЈП за државни патишта 

Свлечиштето на обиколницата се појави за време на големите поплави во Пелагонија пред речиси 3 години. Заради одрони, патот често беше затворан за сообраќај, а по расчистувањето повторно се пушташе во употреба. Но, минатата година,беше поставена целосна забрана, иако возачите често не ја почитуваат, при што возат на ризична делница  каде неодамна се активираше и ново свлечиште.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани