СРЕДНОШКОЛЦИ СЕ ПРИКЛУЧИЈА КОН АКЦИЈАТА ЗА ПОШУМУВАЊЕ ОКОЛУ РЕК

Декември 05, 2019

Стотина средношколци се приклучија кон акцијата за пошумување на зелен појас околу Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“. Тие засадија повеќе илјади багремови садници на старите одлагалишта со пепел во РЕК за да се заштити животната средина од загадување. Бидејќи повеќето од тинејџерите немаа засадувано дрвца на припомош дојдоа од Здружението за доброволно младинско ангажирање кое е составено од бригадири кои пошумувале во социјализмот. Дрвца засадуваа ученици од двете битолски гимназии, Економското, Медицинското училиште и други. уци 3

Душко Јанкуловски, претседател на Здружението за доброволно младинско ангажирање рече дека поставија бригадири на групите засадувачи да им објаснуваат како се сади бидејќи за некои ова беше прво искуство.уци 5

„Добро е да се навикнат малку на работна навика и да научат како да се грижат за природата. Во минатото се работеше на изградба на канали, автопатишта, а сега во овој период акцентот се става на заштита на животната средина, мислам дека најважно е да се пошумува зашто шумата и за РЕК и за Битола се белите дробови“, рече Јанкуловски.

Минатата недела на одлагалиштето пошумуваа вработени во Комбинатот и друѓи доброволци. Акцијата продолжува за создавање на зелен појас околу РЕК.уци њ

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани