2win800x200

Широк Сокак преплавен со балони по повод Денот на лица со инвалидитет

Декември 03, 2017

Здружението за хуманитарни дејности „Лајонс Клуб Кабадаја“ од Битола денеска организираше традиционално Дефиле низ Широк Сокак по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет. Учениците од основните и средните училишта од Битола се собараа на плоштад Магнолија, а во исто време пред Офицерскиот дом се собраа децата од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин” Битола.

24550248 10213350406546206 526482609 n

Двете групи се сретнаа кај хотелот „Епинал“ каде точно напладне беа пуштени голем број на балони.

„Не треба да имаме еден ден во годината на кој ќе обрниме внимание на ваквите состојби, туку сите денови да бидат посветени на целокупната заедница и на тој начин би се подразбирала интегрираноста во општеството. Како градоначалник во следниот период ќе се залагам  Општината да дава поголем придонес, но и образовните институции фукционално да бидат поврзани меѓусебе за суштински да ги поместиме работите во позитивна насока за оваа проблематика“, рече градоначалничката Наташа Петровска. 

Фото : ТВ Тера

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани