Webp.net gifmaker

Општина Битола ќе го редизајнира кружниот тек кај „Дулие”

Декември 10, 2019

Општина Битола го објави конкурсот за редизајнирање на кружен тек кај месноста “Дулие” во Битола на тема – Круг на Јарболите.Кружниот тек се изгради во летото 2009 година и тој простор доби ново сообраќајно решение.

Повеќе детали ќе најдете на следниот линк:

http://www.bitola.gov.mk/28602-2/

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на Решение за редизајнирање на Кружен тек кај месноста “Дулие” во Битола на Тема

- КРУГ НА ЈАРБОЛИТЕ-

  1. РАСПИШУВАЧ НА КОНКУРСОТ

Распишувач на конкурсот е Градоначалникот на Општина Битола

  1. ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ

Предмет на конкурсот е избор на Решение за редизајнирање на Кружен тек кај месноста  “Дулие“ во Битола на Тема - Круг на јарболите

  1. СОДРЖИНА НА КОНКУРСНИОТ ТРУД

Конкурсниот труд мора да содржи: графички прилози, текстуално образложение и 3Д анимација

  1. РОКОВИ

Времето предвидено за изработка и доставување на Решението е од 06.12.2019 година до 10.01.2020 година до 16.00  часот во архивата на општина Битола соба бр.319.

  1. НАГРАДИ

За избранoто Решение, Жири комисијата доделува награда од 60 000, 00 денари за прво наградениот труд и најмногу до 6 000, 00 денари за секој труд кој ќе ги задоволи критериумите на конкурсот.

Жири комисијата го задржува правото да не додели награда.

  1. ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Со доставување на трудот, учесниците ги прифаќаат сите услови на конкурсот. Со исплатата на наградите на авторите на конкурсните трудови, распишувачот се стекнува со право да ги користи целосно или делумно, повеќекратно

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Документацијата може да се подигне на шалтерите во зградата на Општина Битола,  почнувајќи од денот на објавување на конкурсот или со превземање од веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk

        

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани