Webp.net gifmaker

Вложени 15 милиони денари за истражувачки проекти на основни и средни училишта

Декември 13, 2019

Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола изработи проект за почист воздух во училницата, гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола истражуваше дали има тешки метали во почвата во Битолско, училиштето „Димитар Влахов“ од Струмица направи филтер со зеолит кој ги прочистува издувните гасови од автомобилите, а ОУ „Манчук Матак“ од Кривогаштани прочистителна станица преку која отпадните води ќе можат прочистени да се користат во земјоделието.

 

Ова беа само дел од истражувачките прокети презентирани денес на мини- саемот во Битола, чија изведба финансиски ја поддржа Фондот за иновации и технолошки развој.

„Ме радува што излегуваме надвор од теоријата која во минатото била практика и практично им се овозможува на младите луѓе низ реални експерименти и реални истражувачки методи она што го научиле во рамки на теоријата да го спроведат и во рамки на реалноста. Ова отвора широки врати за младиот ум, за жуборот на творечкиот дух, но и на иновативноста и во оваа насока треба да продолжиме. Ме радува што младите луѓе се заинтересирани за ова, но и наставниот кадар што дава сериозна поддшка во ваквите програми“, рече градоначалничката Наташа Петровска.gradonacalnicka

Училиштата од Општина Битола се меѓу најбројните добитници на финансиска поддшка од програмата „Предизвик за млади истражувачи“, па затоа и саемот се одржа во Битола.

„Програмата за млади истражувачи ја почнавме пред две години, но ете веќе имаме над 50 основни и средни училишта од земјава кои земаат учество во оваа програма. Дополнително имаме уште две програми што ги реализираме со Американската агенција за меѓународен развој и со УНИЦЕФ и во рамки на сите три програми целта е да се поттикнува критичкото и креативно размислување кај младите и сето тоа да води кон охрабрување на младите да останат тука и тука да развиваат свој бизнис“, рече Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Околу 500 основци се вклучени во овие проекти со вкупен износ на средства обезбедени како поддршка од 15 милиони денари. Интересот е огромен за ваквите програми, од од Фондот скратиле од нивните непродуктивни трошоци за да поддржат што повеќе ученички прокети.stiv naumov

Запрашан што сега со овие прокети и дали ќе останат понатаму во фиока, Деспотовски рече дека тие доаѓаат од основни и средни училишта и не можаме да очекуавме да имаат целосна комерцијална вредност. Но, со меморандумот за соработка што го потпишалее со УСАИД предвидено е во следна фаза креирање на ученички компании пред се за средношколците, кои ќе помогнат дел од овие прокети да одат на пазарот и да ја осварат комерцијалната вредност.istra

Фондот поттикнува и старт ап компании каде веќе над 100 проекти за бизниси на млади луѓе се финансираат. Минатата година на повикот за финансирање на бизнис имале над 200 апликанти, а за годинава повикот ќе биде објавен до Нова година.

Ж.Здравковска

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани