2win800x200

Почна процесот за стандардизација на отпепелувањето во РЕК Битола

Декември 05, 2017

Почна процесот за стандардизација на касетно отпепелување во РЕК Битола, а куповите од нестандардизирано одложената пепел се затрупуваат со земја и се врши континуирано пошумување на овие површини. За овие активности денеска биле известени активистите  од неколку граѓански  здруженија   на информативната средба со раководството  на РЕК Битола и претставници од ЕЛЕМ.

Исто така, од комбинатот  посочиле дека во тек е постпака за тендер за хидрозаштита на процесот на одлагање на пепелта, а набавката на нови еколошки транспортни возила  е во тек, со што истите ќе бидат дел од возниот парк на РЕК Битола до крајот на првиот квартал од следната година.

 Континуирано се работи на процесот на десулфуризацијата како долгорочна мерка, а првите средства за инвестирање се веќе одобрени. Барањето за А интегрираната дозвола е во фаза на целосна изработка и во 2018 година ќе биде доставено до надлежните институции, било соопштено на сред

Граѓанските активисти доставиле  и предлог за субвенционирана  електричната енергија за жителите од општините во регионот.

-Предлогот да се направи детална анализа на можната итна мерка за СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ на електрична енергија, на општините од овој дел од регионот е доставен до компанијата и во наредниот период се очекува да ни достави точна анализа за истиот, како би се согледала можноста за нејзина реализација, изјави  еден од активистите Душко Груевски,  за Апла.мк

Исто така, претставниците на компанијата  посочиле  дека се подготвени да ги прифатат сите предлози  за ефикасно справување со заштитата на животната средина од секој граѓанин или група на граѓани.

-Заклучокот кој произлезе од оваа трета средба, е дека сите пропусти направени во изминатиов период мора да се санираат со забрзано темпо, затоа што  решението на загадувањето не е трпи одлагање. На крајот нагласивме дека сме крајно незадоволни од односот на ЕЛЕМ во делот на општетсвената одговорност, кога е во прашање Битола. Ќе бидеме непопустливи се додека Битола не го добие заслужениот третман од оваа компанија. Досега  граѓаните немале никаква корист, немало никакво вложување во Битола иако комбинатото се наоѓа на наша територија. Секако, проблемот со загадувањето на воздухот мора да почне да се решава и согласно надлежностите на локалната самоуправа и тоа итно, рече Душко Груевски,

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани