2win800x200

НЕ НИ ТРЕБА МИЛИЈАРДАТА НА ТУПУРКОВСКИ ЗА ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, РЕЧЕ СОВЕТНИКОТ КОРЛЕВСКИ ОД БИТОЛА

Декември 25, 2019

Повеќе часовна кавга меѓу советниците во битолскиот Совет предизвика донесувањето на Програмата за животна средина за престојната 2020 година. Според опозицијата срамно е во град со енормно загаден воздух да се носи програма со буџет од 5 милиони денари, а власта, пак, одговара дека не е потребна милијардата на Тупурковски за да се подобри состојбата зашто се преземаат мерки и надвор од оваа програма.

„Наративно четиво без никаква временска рамка без финансиска конструкција колку пари за одделни проекти би се потрошиле, без капитални проекти, а пишува дека оваа програма ќе доведе од 30 до 50 проценти да се намали загадувањето во Битола. Имаме програма за професионални спортови со 30 милиони, а животна средина 5 милиони денари. Трета година со ред читам катастар на загадувачи, две години со ред никој не успеа да направи катастар“, рече Гарбриела Илиевска од Поинаку.

Само 5 милиони денари за животна средина, обвинува опозицијата  

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека Општината в година ќе има буџет над две милијарди денари, а од нив само 0,25 проценти за Програмата за животна средина.

„Власта ја слушам дека се жали како да немало предлози од наша страна и зборуваат дека ако имало ќе ги прифателе. На претходната седница излеговме со наши предлози не сакавте да ги дискутирате и разгледувате. Предложив и физибилити студија за био масата од прочистителната станица, не го прифативте. Се што правите не е за да се подобрат условите туку да се амортизира состојбата со загадувањето“, обвини Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Се вложуваат повеќе пари, не е точно дека увце не боли, рече Крнчева 

Советниците од владеачката коалиција предводена од СДСМ рекоа дека оваа програма не е единствениот извор од каде во текот на годината се преземаат мерки за почиста животна средина.

„Мониторинг, инспекција, јавна кампања тоа е нешто што е дел од секојдневното работење на Општина Битола и е воведено во сумата на главниот општински буџет. Има и други мерки. Во општина Битола според последниот попис има 23 000 семејства, а се субвенционираат 2500 инвертери преку државата и 500 од Општина Битола, тоа е бројка од 3000 инвертери или 3000 домаќинства што значи дека за 10 проценти ќе се намали бројот на семејства кои загадувале со огревно дрво. Во училиштето “Кирил и Методиј“ целосно ќе се менува системот за греење и не загадува. Не ни се потребни ветувања од милијарда евра, како милијардата на Васил Тупурковски чиј резултат го видовме , потребни се делувања со кои насвистина ќе имаат резултат сите граѓани“, рече Борче Корлевски, советник од СДСМ.

Претседателката на Комисијата за животна средина Татјана Крчева рече дека смешно е опозицијата да ја обвинува власта дека „увце ја болело за загадувањето’’ зашто сите дишат ист воздух. „Едните ќе се тепаат со нас со дрва и камења притоа очекувајќи да не сносат никаква одговорност за тој чин, а другите ги нема никаде ни кога беа власт, но сега кога се опозиција. Појавување и учество ни на акциите за чистење диви депонии, нити појавување и учество на некоја од акциите за пошумување, ама важно први се за лекции делење““, рече Крнчева.

Таа додаде дека по различни основи суми како никогаш до сега се користат за поздрава животна средина. 

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани