2win800x200

Интервју со Наташа Петровска, градоначалник на Битола (I дел): „Татко ми ме бодреше 'Никогаш не се откажувај!'“

Декември 25, 2019

Жена, градоначалник, сопруга, мајка на две деца. Се пробива низ светот кој до неодамна беше само машки. Таму потребни се цврсти чекори, храбри одлуки, опстојување пред бројните опструкции. Наташа Петровска ја отпочна изградбата на стадионот, прочистителната станица, Офицерскиот дом, ја исчисти обиколницата, потпиша договори за реконструкција на улици кои само се крпеа со години, ги одблокира училишните сметки...Но, кога ќе ѝ ја погледнете работната маса во битолската Општина Ви станува јасно дека таа не е само функционер и политичар туку пред се емотивна личност. На своето работно биро ја чува фотогрфијата на покојниот татко.

Апла: Во Вашиот кабинет има голем број предмети, сувенири, уметнички слики и фотографии.Ќе ни откриете нешто за некои од оние што најмногу ви значат?

-Опкружена сум со подароци од луѓе кои по различни пригоди доаѓале во мојот кабинет, а има и такви кои ми биле подарени на некои патувања каде што јас сум била. Имам две драги слики од вработена во детската градинка „Пролет“, ми значат затоа што се рачна изработка и се пример како покрај работниот ангажаман, човек може да има активности кои ќе остават трага, порака и добро насочена енергијата. Посебно ми е драга уметничката слика подарок од мојот колега од збратиениот град Плевен во Бугарија. Колегата е човек со голема ширина и е пример како едноставно може да се живее како градоначалник. Она што има посебно место се фоторгафиите од семејството, но ја издвојувам фотографјата на мојот татко, бидејќи тој ми значеше многу во животот. Од моја најрана возраст, кога ќе речев дека нешто не можам да направам, татко ми ми велеше: „Можеш“, не си свесна дека можеш. „Никогаш не се откажувај!“ Еден од најтешките испити, го спремив само за пет дена со негова поддршка. Тој ми беше потпора секогаш во животот. (Со голема емотивност зборува додека се присетува на него.) Но, сега ја имам подршката од мојот сопруг и во оваа прилика сакам јавно да му се заблагодарам. Исто така и на децата, затоа што дефинитивно можам да се потпрам на нив во секој поглед.наташа 2

Апла: Колку градоначалничкиот мандат Ви го промени животот?

-Многу. Воопшто немам време за себе, бидејќи кога ќе сакате да компензирате на други места, за да имате време за семејството, покрај бројните работни обрвски, најмногу може да рационализирате на времето посветено на себе. Но, тоа се разбира, оваа позцијата е таква.

Тоа значи дека на овие простори е тешко да се биде жена политичар и да се балансира меѓу функцијата и обврските дома, како мајка и сопруга?

-Дел од народот сѐ можат да ви признаат, но добрите работи не. Нема ниту да ви ги простат. А за жена е тоа двојно дозирано во наши околности. Мора да се борите со стереотипите кои за жал ги има, присутни се по сите нивоа. Нo, затоа кога станував градоначалник реков дека работата на жените градоначалнички е многу потешка од онаа на мажите. Ние на некој начин им отвораме врата за идни жени политичарки или ја намалуваме динамиката на отворање на тие врати, а да се носи тоа бреме не е лесно.

Ако имате се помалку време за себе, тоа значи дека кратите на времето што порано сте го имале на физички активности? Неодамна јавноста можеше да види дека можете да направите и стој на глава, доста тешка вежба која ретко кој од младите може да ја направи, а не пак возрасен човек. Цел Балкан разбра дека направивте стој на глава, но и дека отворивте спортска сала. Иамте ли време за спорт?

И пред да станам градоначалник двапати неделно по час и половина одев на танц. Тоа беше јак тренинг, често пати планинарев, знам добро да се ориентирам во просторот, а од таму стекнав и многу познавања на растителниот и животинскиот свет. Знам како да се оденсувам во природата, но за жал сето тоа е редуцирано сега.

Некои ја искритикуваа ваквата постапка, други ја поздравија. Факт е дека живееме во време на социјални мрежи каде секој може да пишува што сака и за тоа барем засега да не одговара. Ви паѓаат ли тешко злонамерните и неосновани критики, навреди?

Она што пак се случува на социјалните мрежи, би рекла дека е рак рана на денешницата. Се може да се каже, секој може да критикува, но потребо е да се задржи нивото. За жал, има клетви, псовки, зборови кои не доликуваат, осбено од личности кои имаат некоја поголема општествена одговорност. Лесно е сите да покажеме простотилок, но не може секој да го каже своето мислење, а да се здржи нивото. Сите носиме одговорност за сето тоа, затоа што тоа го читаат и нашите деца, а тоа ми создава најголем трепет. Од самиот почеток отворено разговарав со моите деца дека може сѐ да слушнат и да прочитаат, но не во се да веруваат. Имам добар линк со нив, отворено дискутираме и да им кажам дека има филозофија во сето тоа, им го отворам прозорецот да ја видат вистинската слика а не извитоперената, која сака некој друг да ја прикаже. Не им е сеедно, но со взаемна поддршка се носат со тоа.

Апла: На прагот се новогодишните празници, како ги одбележувате, имате некоја традиција во домот?

-Пред да станам градоначалник ја чекав Нова Година во домашни услови, со сопругот и децата. Во овие околности сепак, работатат наложува нешто друго. Елката ја китиме сите дома, повеќе децата, јас помагам, но сепак учествувам и покрај сите други обврски.наташа 4

Апла: Не сте од градоначалниците кои бегаат од јавноста. Човек може да Ве сретне како пиете кафе на Широк Сокак, како пазарувате во чаршијата или со сопругот шетате низ Корзо. Што ви велат граѓаните кога Ве среќаваат?

-Битолчани ме гледаат онаму каде што најмалку ме очекуваат. Пијам кафе на Широк Сокак, но најмногу го сакам на утро, кога нема голема раздвиженост, особено во пролетно и есенско време. Пијам кафе и навечер пред да почнат гужвите. Често се движам во старата битолска чаршија и тогаш ги гледам реакциите на дуќанџиите, често се изненадени кога сама набавувам она што ми треба. Воглавно кога се среќвам со битолчани низ град и кога ќе се ми се обратат тие се добронамерни, укажуваат дека можеби на нешто не сум обрнала внимание или укжауваат на некој проблем кој зависи од работатат на локалната самоупрва. Мислам дека во два наврати сум имала поенергечно обраќање, но и за тоа имам разбирање, бидејќи сите луѓе сме различни , различни карактери. Можеби тој граѓанин имал навистина сериозен проблем, сите различно се носиме со проблемите. Позицијта е таква да не може сите да ве сакаат. Напротив, доклоку сите ве сакаат нешто не е во ред.

Редакција Апла

(Продолжува утре, за посериозните теми стадионот, Офицерски, политиките, долговите...)

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани