2win800x200

Интервју со Наташа Петровска, градоначалник на Битола (II дел) „ВМРО-ДПМНЕ потроши еден буџет од мојот мандат“

Декември 26, 2019

Две години ја изврушувате функцијата градоначалник. Што ви одзема најмногу време и енергија при извршувањето на секојдневните обврски?

- Генерално можам да кажам дека затекнав општ хаос и недостиг на културна процедура на средување на адмнистративните работи на општинската администрација. Да почнам од архивата каде докумените се движеа на начин кој што не е својствен за една сериозна инстиуција како што треба да биде Општината. Наидов на низа работи кои што Општината била должна како локална самоуправа да ги направи, а не ги направила, при тоа ги собрала парите од граѓаните. Но, она што е најстрашно затекнав образовни институции со блокирани сметки и јас бев секојдневно соочена со телефонски повици од сите училишта дека ќе биде исклучена струјата. Значи сосотојбата беше очајна.

Уште на почеток од мандатот рековте дека наследивте долг од 13 милиони евра. Но, од опозицијата вербално ги оспоруваа сумите.

Долгот кој што го споменав на самиот почеток кога дојдов, кажав дека е сума која што Општината е обврзана да изврши испалта по договори или доверители на кои што не им е платено. Некои упорно се обидуваат да ја компромитираат таа моја изјава, кажувајќи дека сме трбале да ги сметаме само сумите за извршените работи на доверителите. Но, сите знаеме што значи потпишаниот договор кој што е обврзувачки, кој ви дефинира каде ќе се движат средствта. Тука немате простор тие пари да ги сметате за нешто друго што би значело следење на вашите политики. На некој начин сте фрлени во некоја вода, во која треба да пливате и да одите кон целта.

 

Лобирав да се одблокираат училиштата и се гордеам со тоа

Имавте неколку такви наследени отпочнати активности како што е на пример, стадионот или, пак, населбата во старата Касарна. Како се справувате со овие скапи проекти?

Догворот за стадионот беше потпишан, а мене ако ме прашате тоа е крајно ништовен догвор, затоа што да фиксирате 5,5 милиони евра за таков објект е лудост за една локална самоуправа. Такви трибини се градат во неколку општини, но ги гради Фудбалската федерација на Македонија, тоа се национални објекти кои се градат со поддршка или на Федерацијата или на Владата. Свесно да се оштетат граѓаните за објект кој што прашање е дали ни беше потребен со такви димензии и дали беше потребно целосно да биде на грбот на локлната самоуправа. Тоа се прашањата што ми даваат основ јас да кажам дека овој догвор е крајно ништовен за локалната самоуправа. Во Касарната веднаш по моето доаѓање почнаа да следуваат тужби и најави за тужби. Tаму беше никната населба, изградени згради и куќи, продадени станови, некои луѓе беа вселени, а газеа во кал. Во овие две години од моето доаѓање, сработено е и испалтени се 102 милиони денари за инфраструктура во АРМ. Дури и дел што со беше сработено во време на претходната локална власт, требаше да го платиме сега.

Познати се проблемите и огромните долгови во образованието, но недомна имаше една изјава од опозицијата дека дел од долгот бил направен и во ваше време, односно по доаѓањето на оваа локалана самоуправа.

- Образовните институции беа пред колапс, каде не можеше да се набави ниту креда. Откако се донесе Законот за финснасикса поддршка на Општините, сега опозицијата сака и тоа да го девалвира, да го обезвреднат. Кажуваат дека образовните институции се растовариле со тој закон, но никој не се прашаува како дојдовме до тој закон, кој лобирања ги имаше градоначалникот и со тоа јас се гордеам. Прашувам зошто во нивно време не го направија истото и зошто не успеајаа да ги ослободат училишттата од тие пранги што ги создадоа? Што се однесува на висината на долгот, да се биде на таква сериозна позиција, односно лидер на опозициска партија на локлно ниво, а да го кажете тоа, а при тоа да не видите во материјалите дека тој долг од 4,3 милиони евра е направен заклучно со 31.12. 2017 е страшно. Јас влегов во кабинетот на 25 октомври, а имајќи предвид како го оставија буџетот, срамота е да се каже тоа. Тоа изгледа и смешно кога некој сака да брани нешто што е неодбранливо.

Се стабилизираа ли училиштата?

Покрај тоа што го исплативме долгот, откако ги стабилизиравме училиштата влеговме во посериозни инфраструктурни зафати за санација на училишните објекти. И сега ако пресметаме обврските од стадионот од 5,5 милион евра, потоа долгот во образованието од 4,3 милиони евра, статистички гледано ако оснвниот буџет е 9 милиони евра на Општина Битола, тие всушност потрошиле еден Буџет од мојот мандат.

 

Оставете да ве критикуваат дека ништо не правите, крајот ќе го покаже делото

Започнавте со реконструкција на Офицерскит дом. До каде се работите?

-Да, започнавме со реконструкција на Офицерскиот дом. Претходната власт сакаше прво да го продаде, а потоа неуспешно аплицираше за негова реконструкција. Ние го преработивме тој проект, најдовме партнери кои што дадоа доплнителна тежина на сетоа тоа, го променивме наративниот дел и ги добивме парите за негова реконструкција. Се подбиваа и со полигонот, бил изграден со донација. Се смеат што некој обезбедил полигон, им овозможил на граѓаните она што им требало, а при тоа да не им ги потроши парите. Тоа не за потсмев, тоа е за честитање. Парите можат да се обебзбедат од различни нивоа. Умешноста на еден менаџер е да ја псотигне целата а при тоа да обезбеди средтва од различни извори-донации, ЕУ фондови, од централен буџет од основниот буџет итн, ние имаме заштеди и во основниот буџет по разни основи.

Има обвинувања дека средствата од Буџетот се префрлаат од една во друга фискална година, дека проектите споро се реалзираат иако во Буџетото има пари...

-Да има такви обвинувања, а јас велам лесно е да ги раскрчмиш парите, но да направиш крупни проекти со парите треба да работиш смислено, системски домакински, иако на некој тоа му изгледа дека е неработење. Сега ќе го поставам рашањето: Ако сите пари до денар ги потрошам како ќе ја отпочнеме реконструкцијата на улицата „Илинденска“, каде постапаките се завршени, потпишан е догворот? Како ќе ја отпоченвме реконстуркцијата на дел од „Партизанска“, а како ќе продолжевме со изградба на стадионот? Изградбата на инфрастурктурата уште повеќе ќе се интензивира, а парите кои што сме ги задржале е затоа што сме распишале јавна набавка и тие пари мора да бидат резервирани. Ќе биде несеризоно да излобирате централната власт да ви изгради канализација, а локланата да не може да го изгради коловозот затоа што ги поршила парите. Мора да се работи синхронизирано за да се обезбедат средства од еден и од друг извор. Токму таа синхронизација како поселдица го има префрлувањто на средства од една во друга фискална година. Одлукта беше дали ќе влезете во нивниот филм прикажувајќи дека нешто работите а всушност само поткопувате или ќе оставите да ве плукаат дека ништо не правите ама на крајот ќе се види делото. Досега во мојот мандат за инфратруктура се вложени 3,8 милиони евра.

Дали опструкциите ве обезнадежуваат?

Опструкции има по различни нивоа, независно дали доаѓаат однадвор или однатре, но јас на тоа гледам како предизвик. Животот секогаш носи различни ситуации, но јас гледам на тоа како предзивици.

Редакција „Апла“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани