Webp.net gifmaker

Петровска во увид на постигнатите резултати на ЈП „Пазари“ и фотоволтаичната централа

Декември 30, 2019

     

ЈП „Пазари“ само произведува електрична енергија, за свои потреби рече денска градоначалничката Наташа Петровска која го посети Градскиот зелен пазар во Битола.

-ЈП „Пазари деновиве се подготви за производство на електрична енергија, ги доби првите киловатчаса. Ова покажува дека се движи во насока на домаќинско работење, на заштеда  понатаму може да се имплементираат во проекти  и зафати кои значат заштита на живптната средина рече Петровска при посетата на ова ова јавно претпријатие.

Првиот човек на ЈП „Пазари“Владе Атанасовски и се заблагодари  на градоначалничката Петровска за подршката за проект и тоа како што рече од идеја па се до реализација на фотоволтаичната централа за производтво на електрична енергија за сопствени потреби.

- Покрај сите проблеми и потешкотии кои се јавија на патот за реализација на проектот таа ни даваше поддршка.Среќен сум што сме прво ЈП во државата кое што направило фотоволтаична централа кое е вистинско решение и соодветна замена за енергијата од фосилните горива кои ни предизвикуваат бројни еколошки и здравствени проблеми.  Инвестицијата е 1.100 000 ден.без ддв , а ќе произведуваме  максимум 20KW колку што е максимално дозволено за правни лица за сопствени потреби. Со оваа инвестиција значително ќе се намалат трошоците на ЈП, рече Атанасовски.

80877610 576058246517623 2572191162647445504 n

            Според него ова е четврт последователен проект  реализиран од ЈП Пазари за 2019 год. Беа поставени нови лед сијалици во Градскиот пазар, во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети како и промена на дограмата на дуќаните.

            -Во наредната година ќе се реновира фасадата и дограмата на управната зграда со сопствени средства, одобрението е веќе добиено од Управата за културно наследство, исто така и реонот „бижутерија“ каде што во моментов седиме ќе биде целосно направен со воодовод, одвод, електрика, партнерно уредување, покривање, нови тезги и урбана опрема. Проектот ќе биде реализиран со помош на Општина Битола и градоначалничката Петровска како и со средства од Агенцијата за финансирање на земјоделието како што аплициравме заедно со Општина Битола преку ИПАД 2 проектот, а финансиската конструкција е заокружена на  250 000 евра, рече Атанасовски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани