2win800x200

Изработени 15 дигитални мапи за ареалот на самоникнатите растенија на Пелистер

Јануари 02, 2020

Изработени се 15 дигитални мапи за распространетоста на самоникнатите лековити и овошни растенија на Пелистер во рамки на проектот „Одржливо управување со растителните природни ресурси“, финансиран од ЕУ,а имплементиран од УНДП, Балканската ферерација за одржлив развој и Министерството за животна средина.

„Беа испитани 138 соборачи на самоникнати, лековити, ароматични растенија, овошнио растенија, шумски видови во 20 села во рамки на Битолскиот и Ресенскиот регион, а беше проведено и теренско истражување на 24 000 хектари. Старосната структура на собирачите се зголемува, младите не се заинтересирани за овој вид на собирање и економски бернефит. Се собира боровинка, шипинка и смрека, а мајчината душица, кантариониот, оригнаното, глогот и дренот се собираат за сопствена употреба или зелените пазари“, вели професорката Силвана Манасиевска Симиќ, тим лидер на проектот.

Направена е студија за мапирање, дистрибуција и проценка на биопотенцијалот на овие растителни видови. Опфатени се и зоните за строга заштита, активно управување и одржливо искористивање.

„Во заштитената зона не е дозволено собирање на самоникнати растенија и тоа се контролира од Националниот парк. Така и на мапите се размислува дали одредени податоци за растенијата во строго заштитената зона да не се објават со цел да се заштитат“, рече директорот на НП Пелистер, Амет Аџиу.

Беа спроведени и обуки за собирачите и вработените од паркот. Ќе биде објавен и прирачник со биолошки, морфолошки карактеристики, продиктивноста, мапи и препораки како се собираат овие растенија и како се прави мониторинг.

Мапите во прирачниците, како и студии ќе бидат објавени на страницата на Националниот парк, на веб страницата на УНДП и на Балканската фондација за одржлив развој. Ќе бидат достапни за локалното население и туристите.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани