2win800x200

Во Битола отворено првото лизгалиште на мраз

Јануари 03, 2020

Започна со работа првото лизгалиште во Битола.

На површина од 550 метри квадратни, на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“, Битола доби нов спортско - рекреативен простор, на кој битолчани ќе можат бесплатно да се лизгаат оваа зима. Денес, на првиот работен ден на лизгалиштето, интересот на битолчани, беше многу голем, а особено се радуваа најмладите, кои во голем број го чекаа својот ред. Работното време на лизгалиштето е од 10.00 до 22.00 часот, а за редот се грижат задолжени лица кои ја даваат и собираат опремата. Издавањето на опремата за лизгање се врши со документ за идентификација.

81398922 514222152528347 2674805224203354112 n

„Лизгањето ќе се врши во групи од 30 – 50 лизгачи во точно определен интервал од половина час со пауза од 15 минути помеѓу интервалите, со цел истото да може да се уреди за следното лизгање. Имајќи предвид, дека лизгањето е бесплатно, ги замолуваме граѓаните да ги почитуваат препораките на лицата одговорни за лизгањето, посебно на лицата кои издаваат лизгалки, како и да го почитуваат времето на лизгање. За време на лизгањето, задолжително е носење на зимски алишта, особено ракавици. Секоја злоупотреба на лизгалките или нивна кражба ќе биде санкционирана“, изјави директорот на ЈППЈЛП, Зоран Дојчиновски.

Граѓаните потребно е да ги почитуваат препораките на одговорните лица, како и да бидат трпеливи кога лизгалиштето ќе биде затворено за време на временски неприлики или при евентуални негови поголеми оштетувања.

Лизгалиштето е донација од Агенцијата за млади и спорт, а подготвителните активности до неговото ставање во функција, ги заврши Општина Битола во соработка со јавните претпријатија. На сите заедно, одговорните лица и граѓаните ни останува најголемата обврска: совесно да се однесуваме кон лизгалиштето, со цел зимава, секојдневно да се радуваме на среќните лица кои како денес, ќе го исполнуваат овој простор.

jov

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани