Повисоки плати за вработените во ФОД ДООЕЛ Новаци

Јануари 04, 2020

Како резултат на домаќинското и одговорно управување со друштвото во последните  две години, како и заложбата и посветеноста кон работата на нашите вработени остваривме одлични финансиски резултати, кои ни овозможуваат повеќе средства да одделиме за подобрување на работните услови и подобрување на животниот стандард на нашите вработените, велат од раководството на ФОД ДООЕЛ Новаци.

-Пратејќи ја политиката на Владата за подигнување на стандардот и зголемување на просечната плата, како и одлуката на АД ЕСМ за подигнување на платите на своите вработени, Управителот на ФОД ДООЕЛ Новаци донесе Одлука за зголемување на коефициентот за пресметка на плата за сите вработени во износ од 5 % зголемување. Зголемувањето започна со декевриската плата и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму на задоволство на нашите вработени, велат од ФОД ДООЕЛ Новаци.

Од таму веруваат дека оваа одлука  ќе биде поттик за сите вработени, „преку взаемен ангажман сите да допринесеме нашето друштво да оствари уште подобри резултати и успеси во иднина“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани