2win800x200

Се санира ужасот во Медицинското училиште во Битола

Декември 10, 2017

Фирми, поединци и родители веќе се вклучија со донации, работа и поддршка за реновирање на средното Медицинско училиште во Битола,  со цел обезбедување понормални услови за одржување на наставата. Откако јавноста ја виде вистинската слика во каква состојба е доведено училиштето после 12 години директорување на кадар на ВМРО-ДПМНЕ, јавните апели на новото раководство за помош за реновирање на школото вродија со плод.

 

-Нашиот апел за обнова на школото силно одекна, откако медиумите ги прикажаа сликите во каква состојба  е училиштето. Веднаш  се приклучија фирми од Битола, поединци, па и родители на наши ученици во обнова на школото, изјави Билјана Кокалевска новата ве-де директорка на Медицинското училиште.

Неделава сменети се стаклата од искршените прозорци, а се реновираат и тоалетите на првиот кат од објектот.

-На првиот кат се прават тоалетите, бидејќи во школото единствено функционираат тоалетите на приземјето. Земена е мерка за вратите по училниците и кабинетите кои беа урнати, искршени и трајно оштетени, вели Кокалевска.

Претходно преку лични врски и контакти на новото раководство беа обезбедени екипи да го санираат проблемот со парното греење во школото кое протекуваше и недоволно грееше.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани