2win800x200

(фотогалерија) Мажоретките од Херцег Нови го станаа Широк Сокак на нозе

Јануари 26, 2020

 По повод Празникот на мимозите на Херцег Нови, град збратимен со Битола, познатите мажоретки настапија на Широк Сокак.  Со играта и музиката го раздвижија Широк Сокак , а на битолчани освен уживање во нивната игра им подарија и мимози. Рекоа дека пролетта веќе се чувствува во нивниот град

 Битола и Херцег Нови се збратимени од шеесеттите години. Но, во изминатиот период имаше застој во билатералните односи. Градоначалничката Петровска најави интензивирање на соработката .

„Ове е уште една потврда на интензивирање на соработката што минатата година ја обзнанивме оти имаше еден застој во билатералните односи. Утврдивме дека станува збор за два града збратимени од далечното минато, останал духот на пријателството и постојат низа на полиња во кои можеме да соработуваме, особено од областа на културата“, рече Петровска. 

thumbnail

Во посета на Битола е и Тамара Војовиќ, советник на претседателот на Општината Херцег Нови која рече дека овој настан е повик за битолчани да го посетат нивниот збратимен град во февруари кога е Празникот на мимозите, традиција која се одржува 51 година.

„Денес го предводиме караванот на Празникот на мимозите, тоа е приказ за сето она што во февруари се случува во Херцег Нови. Годинава ќе се одржи 51 –от Празник на мимозите, долга традиција и богата култуно-уметничка програма. Ова е продолжување и обновување на побратимските и пријателски односи, а Петровска го направи првиот чекор доаѓајќи на нашиот ден на градот, 28 Октомври. Двата града ги поврзува побратимство од 1965 година. Повторно наоѓаме врски за соработка. Мило ни е што Битола се развива во модерен, европски град“, рече Војовиќ 

thumbnail 2

Мики Андријашевиќ рече дека како почесен конзул на Црна Гора во нашата земја работи на тоа да се јакмнат врските меѓу двата народа на економски и културен план. 

На церемонијата присуствуваше и заменик министерката за обраование Елизабета Наумовска која  рече дека со овој настан како пролетта веќе да стигнала во Битола. 

„Битола е мој град, иако функцијата заменик министер ја обавувам за цел град, посебно се гордеам и сум среќна во Битола и гледам какви убави настани се случуваат. Апсолутно ја поддржувам соработката со држави од соседството. Министерството за образование стои отворено за продлабочување на вакавта соработка и во полето на образованието и науката, особено што Црна Гора од секогаш била наш поддржувач и пријател“, нагласи Наумовска.  .

thumbnail 3

thumbnail 4

thumbnail 6

thumbnail 7

thumbnail 8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани