2win800x200

Интервју со Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“- Лани 2,5 метри снег, а годинава само 15 сантиметри во Ниже Поле, спасот е вештачки снег

Февруари 03, 2020

 

 Најавивите изработка на физибилити студија за вештачки снег за Ски центарот „Ниже Поле“. Какви се последиците од глобалното затоплување во однос на врнежите снег?

 Вкупната снежна покривка која се создаде оваа сезона (2019/2020) на скијалиштето Ниже­поле до годинава изнесуваше околу 15 сантиметри. Минатата сезона (2018/2019) ви­син­а­та на вкупната снежна покривка изнесуваше околу 2.5метри, а годината пред неа околу 70 сантиметри. Вредностите на измерената снежна покривка се ориентациони. Во рамките на во­спо­став­е­на­та интерна метеоролошка мрежа планираме да наб­ав­и­­ме автоматска мерна ст­аница со ко­ја ќе вршиме мерења, поставена на предвидени снегомерни профили на ме­рна точка која до­полнително ќе ја одредиме, каде што покрај висината на снежната пок­р­­и­в­ка ќе можеме да следиме, автоматски, со одредена фрекфенција повеќе метео­рoл­ош­ки по­јави (тем­пер­атура, влажност, правец и брзина на ветер, глобална радијација итн) во со­ра­­­ботка и по претх­одна до­звола од надлежните институции.

Лани Ски центарот беше популарен по ноќното скијање, а годинава со оглед на сушната сезона можеа ли посетителите да уживаат во тоа?

 Поради недоволната снежна покривка, за жал оваа сезона, досега немаше ноќно скијање. Мин­атата сезона реализиравме вкупно 37 ноќни скијања. Според временската прогноза за нар­едните денови не се очекуваат пообилни врнежи од снег за да ја поправат оваа „не­ск­и­ја­чка“ слика.

Дали снегот бега на повисоките делови? 

 Во недостиг на мерни снежни профили, автоматски метеролошки системи и непостоење на мерна станица како дел од Државната мрежа на метеоролошки станици во близина на Ски центарот „Ниже поле“, односно недефинирани мерни точки на соодветната микролокација, не можеме да потврдиме или да демантираме таква појава, а истата да е базирана на де­тално сондирање и релевантни официјални податоци.

Меѓутоа, од друга страна, ние вршиме постојана проспекција и анализа на теренот и сме на став дека нема т.н “бегање на снег” на повисоките делови.

Пр­ичините за актуелната состојба се комплексни, имаме глобални климатски промени, при­ли­чно неповолна хидролошка година, една од најнеповолните во изминатите децении и тука можеме ги анализираме причините и во иднина да работиме да ги санираме пос­лед­и­ци­те од актуелните неповолни климатски процеси.

Колку има услови ски патеката за вештачки снег?

Во насока на остварување на нашите заложби за модернизација на Ски центарот, сеопфатност на туристичка понуда, подобрување на ски патеките и континуирана скијачка сезона ја започнавме процедурата за изработка на физибилити студија која ќе даде одговор на многу прашања и ќе ни даде натамошни насоки како да ја реализираме оваа на­ша децениска желба, да ги претвориме нашите соништа во реалност.

Реализацијата на проектот ќе опфати повеќе фази (изработка на проектно-техничка доку­ме­нт­ација, набавка на трафостаница со поголем капацитет, изградба базени за пр­оиз­во­дс­т­во на вештачки снег, опрема за производство на вештачки снег итн.)

Обезбедувањето на вештачки снег е скап проект, од каде планирате да ги обезбедите средствата?

За реализацијата на оваа исклучително комплексна активност која врши сериозни фи­нан­си­­­с­ки импликации планираме дел од средствата да се обезбедат од сопствени извори, сог­лас­но нашите можности. Дел од средствата планираме да ги обезбедиме од други извори на финансирање (локална самоуправа, владини институции). Наша обврска е следниот пе­р­и­од да успееме да издејствуваме да се обезбедат доволно финансиски средства за реа­ли­­зација на овој проект, од идеја до реализација.

Наша обврска е да го вложиме максимумот и работата да ја истераме до крај.

Овој проект е еден од најголемите потфати во историјата на претпријатието и ќе бидеме го­­рди сите заедно да го следиме развојот на овој планински бисер. Со реализација на овој пр­оект ја реализираме и агендата на Владата за промоција на земјата како пожелна дес­ти­на­­ција и регионален развој што е инкорпориран во сите европски агенди.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани