2win800x200

Индустриските објекти од градот наесен први ќе се приклучат на гасоводот

Февруари 05, 2020

Битолската млекарница, Цермат и Земјоделското училиште ќе бидат првите индустриски објекти во градот кои наесен ќе се приклучат на новиот гасовод. Гасоводот ќе опфаќа 5 мерно редукциски станици, а последната станица ќе биде ИЗ „Жабени“ и фабриката „Кромберт и Шуберт“. Општина Битола пред стопанствениците од градот го презентираше проектот гасификација. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска вели дека  кон крајот на пролетта треба да биде изведен идејниот проект, по што следува издавање на градежна дозвола и поставување на првите цевки во градот. Досега за гасификацијата на Битола се вложени околу 70 илјади евра, а според проектот до крајот на годинава вкупната сума што треба да се инвестира е 500 илјади евра.

-Првите консументи на гасот би биле индустриските објекти кои што се наоѓаат на влезот од градот, како Млекарата, Цермат, Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ итн. Со која динамика ќе се продолжи понатаму зависи од многу фактори кои што значат и синхронизација со Владата, меѓутоа цениме дека концептот кој што го гради Општина Битола е здрав и дава добра основа за понатамошна надградба, рече Петровска.

Според Владимир Костурски, вработен во општината и задолжен за реализација на проектот гасификација, треба да се изградат над 3 километри гасоводна мрежа во вредност од околу 500 илјади евра.

-Ова се проектантски цени, кои што може да бидат и пониски. Но, реализацијата зависи од многу фактори, тука се временските услови, но и јавните набавки, од кои зависи временската рамка. Се очекува, доколку се оди според предвидените рокови, изградбата да започне во втората половина од оваа година, во месец октомври или ноември. Магистралниот гасовод е пред Битола, што би требало да биде речиси во паралелна изведба и со секундарната мрежа, посочи Костурски.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани