2win800x200

АД ЕСМ ќе транзитира кон обновливи извори на енергија, но РЕК Битола останува столбот

Февруари 05, 2020

Основата или сржта на енергетската транзиција се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. На светот и нам ни требаат промени, а тои промени  вклучуваат прогресивно усвојување на технологии со низок јаглерод, што е клучен столб на енергетската транзиција, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски на вечерашната трибина за енергетика Агенда Енергетика 20-24 во организација на СДСМ .

Во нашата земја, термоелектраните на јаглен и хидроелектраните се главните производни капацитети на електрична енергија, и во одреден процент се обновливите извори како ветер и сонце.

Од целото производство на електрична енергија во државата, 70% доаѓа од ЕСМ, односно 58% од термоелектрани, 39% од хидроелектрани и 3% обновливи извори, односно од ветер.

-Овој процент, 3 отсто,  е релативно мал и најголемиот дел од нашиот напор во развојот на компанијата е сетиран токму во правец на зголемување на капацитетите за производство кои ќе се базираат на обновливи извори на ветер и на сонце. Конкретно, процентот на производство на струја од ветер ќе се зголеми  бидејќи го шириме ветерниот парк Богданци,  а ќе градиме и нов на друга локација. Понатаму, го воведуваме производството на струја од сонце, односно веќе градиме прва фотонапонска електрана во Осломеј, а се подготвуваме за уште неколку други. Тоа значајно ќе го зголеми уделот на електрична енергија од обновливи извори, а на сметка на тоа ќе можеме да го намалиме производството и работењето на термоелектраните, потенцираше Ковачевски во своето излагање пред присутните.

Од друга страна, според Ковачевски се зајакнуваат и хидроелектраните, се ревитализираат  со цел да работат со помала преработка на водата, поекономично и со помали трошоци, а се вложува и во РЕК Битола.

-Инвестираме и во РЕК Битола. Комбинатот ќе го помине патот на енергетската транзиција од технологии што загадуваат кон чисти технологии, односно поточно кажано-како ќе тргне по тој пат, бидејќи тоа е долг пат и долг процес. Готова е постапката за новите филтри во РЕК Битола, со новиот финансиски план се обезбедени 32 милиони евра со кои ќе се направи темелна реконструкција на трите филтри и замена на сите вентилатори, а тоа со други зборови значи дека за прв пат освен монтирањето на филтрите кое се случило во 80-те години на минатиот век, сега во 2020 година за време на капиталниот ремонт на Блок-3 ќе се врши темелна реконструкиција на електростатскиот филтер, потоа во 2021 и 2022 година ќе се реконструираат и Блок-1 и Блок-2, а од 2023 до 2025 година ќе ја завршиме втората фаза од овој процес односно десулфуризацијата. Овие зададени рокови заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање ги ставивме во Оперативниот план за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола, рече Ковачевски. 

За состојбите во енергетиката говореа д-р Александар Дединец од МАНУ кој потсети дека актуелната власт донесе Закон за енергетика,  донесена е Стратегија за енергетика, а токму денес во македонското Собрание беше донесен Законот за енергетска ефикасност и тоа според Дединец се големи успеси. Д-р Весна Борозан говореше за енергетската заедница и регионалното поврзување и истакна дека ресурсите се планираат интегрирано, а производството на електрична енергија треба да биде со прифатлива цена и не на штета на животната средина, додека пак Ева Елерајт, директорка на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје, пред аудиториумот нагласи дека енергетиката е важна тема во национален контекст напоменувајќи дека во Македонија има многу повеќе сончеви денови отколку во Германија и тоа треба да се искористи.

Интерактивната јавна трибина на СДСМ во Битола ја модерираше Митко Андреевски, претседател на партиската комисија за енергетика.

А.Б

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани