Webp.net gifmaker

ЗА ЈУБИЛЕЈОТ АД ЕСМ ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАШЕ И ОПРЕМИ УЧИЛНИЦА ВО ГОРНАТА ГИМНАЗИЈА

Февруари 07, 2020

АД ЕСМ реновираше и целосно опреми училница во гимназијата ,,Јосип Броз-Тито” во Битола по повод јубилејот 75 години од почетокот на наставата на македонски јазик во ова училиште. Гимназијата беше првото средно училиште во земјава каде средношколскиот образоваен систем почна да се изведува на македонски јазик. Донцијата на АД ЕСМ заедно РЕК Битола и Синдикалната организација придонесе за подобрување на условите за учење и работа во еден дел од објектот на ова значајно средно училиште во земјава.uu

,,АД ЕСМ со РЕК Битола и преку Синдикалната организација сo инвестиција од преку 700 000 денари реновираше по современи стандарди и целосно опреми една училница во Гимназијата. Свесни сме дека со нашиот зафат оплеменивме само еден сосема мал дел од ова култно место за битолчани, но се надевам дека нашите активности во Горната гимназија во Битола ќе бидат мотив и други компании од градов и земјата да помогнат. Гимназијата Јосип Броз Тито со својата историја и со своето значење за земјава, не задолжила и сите треба да и се оддолжиме, како поединци и како заедница”-рече генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски.vasko

Во овој објект настава се одржува 128 години, најголемиот дел од просториите се тесни и поради недостиг на простор учениците следат настава седејќи во клупи од петмина. Со инвестицијата на ЕСМ за еден кабинет со обезбедија модерни услови за настава.vasko 2

,,Со над 700.000 денари променета е електричната инсталација во просторијата, спуштен е таванот, инсталирано е ново осветлување, променет е подот, реставрирана е влезната врата, набавени се нови клупи и столчиња за ученциите и професорот, шкафчиња за чување на лични предмети, телевизор и прочистувач за воздух... Накратко, се обидовме да направиме училница по европски терк во 138 години стар објект’’-рече Ковачевски.uuuy

Директорката на гимназијата, Фанија Наумовска, заблагодарувајќи се за донацијата, потенцираше дека со децении наназад од училишните клупи на Гимназијата излегувале значајни општествени личности. Досега Гимназијата дала 18 академици, 6 градоначалници и тројца рекотори и конзули. Таа истакна дека во последно време радува зголемената соработка со Советот на родители, институциите кои ја поддржуваат Гимназијата, а сега и бизнис секторот. Донацијата беше побарана по иницијатива на Советот на родители, а прв на потребите на ова училиште се огласи АД ЕСМ.

 „Благодарност до АД ЕСМ и РЕК Битола, кои први ни излегоа во пресрет на нашите апели и обраќања кои ги испраќавме кон заедницата, и се надеваме дека ова ќе ги поттикне и другите чинители да го следат примерот кон оваа значајна образовна установ, која толку придонела во градот и пошироко. Со оваа донација АД ЕСМ дадоа пример во какви услови треба да учат нашите ученици“, рече директорката Наумовска.uciliste

Објектот во кој е сместена гимназијата Јосип Броз Тито во Битола е споменик на културата на Република Северна Македонија. Со својата богата фасадна декорација, овој објект е еден од најрепрезентативните примери на јавни монументални градби не само во Битола, туку и на територијата на цела држава.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани