Петровска се сретна со австриската амбасадорка

Декември 13, 2017

Како австриските искуства околу чиста и здрава животна средина да се пренесат кај нас , разговараа,  меѓу другото,  на денешната средба  градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, со Амбасадорката на Република Австрија, Рената Коблер.

„Разговаравме и за проблемите со кои се соочува и нашиот град и повеќе градови во Република Македонија, а се на тема загадување, како и за можноста за соработка на експертски нивоа кои што би значеле отворање на видици за решавање на тие горливи проблеми за нашето население, за државата, за сите општини каде што се детектираат како суштински проблеми. Ова покажува дека кога ги отворате вистинските проблеми и за нив разговарате, навистина постои реална можност да дојдете до нивно решавање. Затоа, задоволна сум што ја имавме оваа посета, со исчекување дека во иднина ќе имаме навистина суштински ефекти од истата,  изјави Петровска.

Амбасадорката Коблер вети помош и поддршка за Битола во наредниот период

-Посебна желба имаме да донесам повеќе „know how“ во областа на животната средина, социјалната работа, како и образованието и во тој поглед би сакала да реализирам доста активности. Во втората половина од 2018 година, Република Австрија го презема претседавањето со Европската унија и би сакала, во втората половина од 2018 година, тежиштето да го ставам токму во Битола. Бидејќи имаме традиционално присуство во Битола, уште од поранешно време во градот на конзулите и заедно со Почесниот конзул на Република Австрија сакаме да потсетиме на тој период и во втората половина на 2018, во периодот есен – зима да организираме заеднички Симпозиум, за што поканивме научници да учествуваат со нивни апстракти, односно трудови и многу се радувам што во разговорот имаше и доста спонтани идеи, за кои ќе разгледаме, како сите тие ќе ги реализираме“, изјави Ренате Коблер, амбасадор на Република Австрија во Република Македонија.

На средбата се разговараше и за можна соработка во областа на културата, образованието, социјалата и др. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани