Webp.net gifmaker

Битола ќе добие три нови детски градинки

Февруари 11, 2020
Битола, наскоро ќе добие три нови детски
градинки. Едната од нив ќе биде лоцирана во просторот на поранешниот Дом за доенчиња
и мали деца, од каде денес за понатамошните планови со овој објект информираа
дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ и заменик градоначалникот на Општина Битола, Емилија Костурски.
 Poseta zamenik minister 1
-Во новата детска градинка, во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, ќе може да престојуваат и да бидат згрижени околу 80 деца. Во соработка со Министерството за труд
и социјална политика во Битола ќе отвориме и други две нови детски градинки, едната ќе биде во просторот на поранешната битолска касарна, а втората ќе биде лоцирана спроти
ОУ „Св. Климент Охридски“. Со трите нови детски градинки во Битола ќе се обезбедат услови за сместување на околу 500 деца, истакна Костурски и потсети дека во последниве две години Општина Битола изгради нова детска градинка во населеното место Кравари,  отворени се три занимални во исто толку општински детски градинки, а по 45 години заборав во Битола е извршена замена на кровот на детската градинка „Пролет“, опремени  се главните кујни на детските градинки во градот, изјави Емилија Костурски, заменик  градоначалник на Битола.
 
 Poseta zamenik minister 2
Дополнителниот заменик министер Шкриељ информирајќи за понатамошните планови со
објектот информираше за процесот на деинституционализацијата. Таа нагласи дека тој помага во сите сфери на општеството бидејќи од една страна обезбедува топла семејна  грижа за секое дете, вклучително и децата без родителска грижа, а самиот развој на вакви  услуги на локално ниво значи креирање нови работни места.
 
 Poseta zamenik minister 7
-Објектот е веќе поделен во два дела, односно еден дел од просторот ќе прерасне во  современ Центар заподдршка на згрижувачки семејства, а во другиот дел ќе има општинскадетска градинка. Интензивно работиме на процесот на  деинституционализацијаи го финализираме процесот на трансформација на Домот за доенчиња и деца без родители во Битола. Нема грижа како семејната грижа и секое дете
заслужува да расте во топла атмосфера најблиска и налик до семејната и токму затоа е потребата од нова современа услуга предвидена со новиот закон за социјална заштита која  ќе се обезбеди во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, истакна Шкриељ
 
 Poseta zamenik minister 6
Дополнителниот заменик министер Шкриељ и заменик градоначалникот Емилија
Костурски, ги посетија и малите групни домови во Битола.
 
Poseta zamenik minister 5
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани