За месецот на жената бесплатен преглед на мамограф за 60 жени во Битолската болница

Февруари 13, 2020

Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март- месец на мамографија“ во која е предвидено да се снимат на новонабавениот мамограф 60 жени. Прегледот ќе биде бесплатен и ќе се изведува во текот на месец март.

 

„Ова е по повод нашиот празник 8-ми Март, да направиме повеќе за нашите жени, освен традиционалното оро во кафана. Ги одважувам сите кои досега не се снимиле на мамограф, а имаат над 50 години, да се пријават кај мене со име и презиме и датум на раѓање. Предност ќе имаат жени од руралниот дел на Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар“, рече Светлана Петковска, претседател на Организација на жени од Битола.

Пријавите се вршат кај претседателката на Организација на жени на нејзиниот фејсбук профил, па потоа ќе се договорат термините. Интересот е огромен, а да се пријават се одважија и жени кои никогаш или долго време не направиле ваков преглед, како и други кои веќе имаат здравствени проблеми, па овие прегледи им се од животна важност.

Битолската Клиничка болница, како општествено одговорна организација која се грижи за здравјето на пацинетите се вклучва во кампањата за бесплатни мамографски прегледи, заеднички проект со Организација на жени. Директорката на Болницата, Д-р Билјана Гагачовска, останува отворена за соработка на вакви проекти и иницијативи со цел да се подигне свеста кај жените за редовни прегледи.

„Веднаш ја прифативме оваа иницијатива сѐ со цел да се подигне свеста кај жените бидејќи нема жена која не сака, но и е потребен поттик во ова напорно секојдневие и храброст, а тоа еве го направивме ние како Клиничка болница заедно со Организацијата на жени од Битола. Нема да застаниме тука, во наредните месеци ќе најавиме следен проект сѐ со цел да ја подигнеме свеста кај жените дека здравјето е најважно“, велат од Клиничката болница во Битола.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани