Webp.net gifmaker

Емилија Крстевска со најдобар есеј на англиски јазик на Републичкиот натпревар во организација на Мировниот Корпус

Февруари 26, 2020

На Републичкиот натпревар за најдобар есеј на англиски јазик на тема „Волонтерство“, ученичката Емилија Крстевска од I 12 клас, билингвална паралелка при СОУ „Таки Даскало“-Битола ја освои првата награда, под менторство на професор Валентина Богојовска. Натпреварот беше во организација на Мировниот Корпус. Учениците од целата држава имаа можност да испраќаат свои есеи од 21-01-2020 до 03-02-2020. Конкуренцијата беше огромна; вкупно 428 есеи беа испратени од ученици од целата држава.

-Многу сме возбудени поради постигнатиот успех. Јас како ментор на Емилија препознавам голем талент и сигурна сум дека после оваа награда ќе следат редица други за Емилија, бидејќи посветеноста, вложениот труд и талентот неизбежно ќе вродат со плод. Билингвалната паралелка е расадник на тaленти, секој ученик на некое поле, за Емилија тоа е англискиот јазик и литературата-рече професор Богојовска.

-Исполната сум со среќа, од моментoт кога ги дознав резултатите не можев да ја тргнам насмевката од моето лице. Задоволна сум со успехот кој што го постигнав, но исто така и благодарна за можноста која што ја имав да конкурирам. Пишувањето на темата волонтирање беше во моја предност. Како личност која сеуште се запознава со тоа што значи да си волонтер и кои се позитивните и негативните страни на волонтерството, мојот есеј е пишуван од лично искуство. Но, овој успех се добива само со поддршката што ми ја дава мојот класен раководител и професорка по англиски јазик, изјави наградената ученичка Крстевска.

Големо влијание за овој постигнат успех има и атмосферата во која се реализираат секојдневните наставни и воннаставни активности во СОУ Таки Даскало-релаксирана работна атмосфера, достапност до одлични услови за учење и работа, натпреварувачки дух во паралелките, како и одлична соработка помеѓу учениците и  професорите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани