САНАЦИЈА НА МЕМОРИЈАЛНИОТ СПОМЕНИК ОД НОБ ВО БИСТРИЦА

Февруари 27, 2020

Започна санацијата на меморијалниот споменик на НОБ во селото Бистрица, значаен споменик посветен на борците од овој регион. Покрај споменикот, санацијата предвидува целосно уредување на просторот околу него, со поставување на бехатон плочки на патеките, чистење на одводните канали, како и поставување на канделабри, клупи и хортикултурно уредување..

„Забот на времето го направило своето, но долги години наназад никој не обрнал внимание на овој споменик. Имајќи почит кон сите тие луѓе кои што се најзаслужни за државата што ја имаме, затоа што нашата независност е започната токму со нивната борба, решивме како општина да го санираме споменикот и овој простор и да овозможиме едно многу поубаво партерно уредување во кое што после градежните активности во висина од над 1.500.000 денари, ЈП „Комуналец“ хортикултурно ќе го уреди. Така, овој простор ќе добие сосем поинаков изглед и ќе биде место каде што жителите од ова село, но и од околината на Битола, ќе имаат почивка, дружби, муабети и многу повеќе взаемна љубов, што дефинивитно, на сите ни е повеќе од потребна. Гледајќи го споменикот тоа ќе биде и можност да се потсетат на оние кои што ги дале најсветото, своите млади животи, за ние денес да зборуваме за почивка и муабет во мирен амбиент“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.спом3

Претседателот на Сојузот на борци ја поздрави активноста за уредување на ова спомен обележје, кое, како што истакна е многу важно за целиот битолски регион.

„Овој споменик го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење регионот. Благодарение на градоначалничката Петровска, сега се санира, иако кај претходната власт одамна имавме поднесено барања за негово санирање, но не најдовме заеднички јазик. Оваа реконструкција ќе има големо значење за историјата и антифашистичката борба на нашиот народ“, истакна претседателот на Сојузот на борци Битола, Александар Трајковски.

Месното население исто така го поздрави уредувањето на овој простор, со што ќе добијат катче за одмор, релаксација и рекреација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани