2win800x200

Да се почитуваат мерките, граѓаните да бидат совесни и одговорни, секоја помош да оди по институционален пат, порача градоначалничката Петровска

Март 16, 2020

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, упати апел до сите граѓани совесно да се однесуваат и да ги почитуваат сите мерки и препораки од надлежните во услови кога е прогласена пандемија од Светската здравствена организација. Таа рече дека потребно е да реагира професионално, според утврдена хиерархија, со строги протоколи, во кои точно и прецизно секој си ја знае сопствената работа и сноси сопствена одговорност.

-Само на ваков начин, може да се избегне паника, непрофесионалност, шпекулации, па дури и дилетанство со кое се соочуваме во реалноста, особено на социјалните мрежи, рече градоначалничката на Оптина Битола, Наташа Петровска на денешната прес конференција, посоувајќи дека ова се дел од заклучоците донесени со директорката на Клиничка болница Битола Билјана Гагачова, директорката на Центарот за јавно здравје Елизабета Крстева и директорката на Домот за народно здравје Весна Спирковска, како и претседателката на општинската оргазација на Црвениот крст од Битола Лилјана Ристевска.

Петровска почоси дека стари, изнемоштени, неподвижни и лица со посебни потреби, преку тимови кои ќе ги органира Црвениот Крст, ќе можат да се снабдат со храна и лекови преку отворена телефонска линија 070 791 770 сиекој работен ден од 8-16 часот

- Официјален партнер на Општина Битола при спроведувањето на потребните активности во поддршка на населението е Црвениот крст од Битола. Сите правни или физички лица, кои што сакаат да помогнат на некој начин, тоа да не го прават самостојно, туку да се пријават во општинската организација на Црвениот крст. Доколку има потреба, од лицата во Црвениот крст ќе им бидат дадени соодветни насоки за натамошно делување. Ангажираните лица ќе бидат евиндентирани и со себе ќе носат легитимации издадени од Црвениот крст, ијви Петровска

Од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, ја известле градоначалничката дека имаат насоки и препораки од нивните централи во Скопје, на кој начин треба да делуваат тимовите при евентуални кризни состојби, за што е утврдено дека постсои подготвеност. Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување располага со свои тимови, кои имаат комплетна заштитна опрема.

Исто така, Општината, преку јавните претпријатија, ги спроведува препораките од Владата. ЈП Комуналец е подготвено за дезинфекција, мерка која исто така е координирана со институциите од Централниот кризен штаб, а изминатата недела, општината презеде низа мерки со кои превентивно делуваше:

-Скратување на работното време на автобусите до 17 часот, со цел да може да се извршуваат секојдневни чистења и дезинфекции. Општината ги извести сите авто-такси компании, нивните возачи да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат возилата, за што општинската инспекција врши постојан увид на терен.Општина Битола ги почитува сите дадени препораки да не доаѓаат на работа лицата со хронично заболување, како и бремените жени, рече Петровска.

Веќе е доставено официјално е барање до Центарот за јавно здраавје да се изврши дезинфекција на градинките, основните и средните училишта на територијата на Општина Битола.

-Граѓаните кои доаѓаат во општинската зграда, сите потребни документи или барања ги доставуваат само на шалтерите во општината, за што им се заблагодарувам за смиреното прифаќање на таа мерка. За сите други проблеми и прашања, кои што се во надлежност на локалната самоуправа, граѓаните можат да ја користат платформата Пријави проблем, која што се наоѓа на веб страницата на Општина Битола. Општина Битола, во својот објект, како и во сите објекти под нејзина надлежност (јавни претпријатија и училишта), достави дополнителни средства за хигиена, а достави барање да се вршат зголемени мерки за дезинфекција со дополнителни хигиенски средства. До сите директори на основните и средните училишта, упатив апел преку класните раководители, дополнително да се изврши едукативен и превентивен допис во нивните групи до сите ученици, да избегнуваат групни собирања во кафулиња или други места, рече градоначалничката на средба со новинарите.

Таа додаде дека Општината во соработка со наставниците, започна со задавање на интернет содржини за учениците., а Петровска побара оваа интернет платформа, постојано да се надополнува со нови наставни содржини, со цел учениците да можат дома да работат на совладување на наставниот материјал.

Градоначалничката побара за секоја помош и поддршка да се следи институционалниот пат.

-Уште еднаш како градоначалник, ги повикувам сите физички и правни лица, својата поддршка да ја доставуваат до соодветните институции, да се почитуваат хиерархиски спроведувањата на мерките, како не би ни се случила ни најмала грешка, која наместо помош, би имала непосакуван контраефект.Ова не е прашање на политика, ова е прашање на реалност, за која е потребна сериозност. На граѓаните им препорачувам да ги применуваат мерките за седење дома и самоизолација, посебно на младите. Простор за паника во моментов нема. Само сите заедно и одговорно, можеме да излеземе како победници од оваа состојба, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани