2win800x200

Спасовски-Ситуацијата е вонредна, потребно е да се прогласи вонредна состојба

Март 18, 2020

Техничкиот премиер на Владата на Р.С.Македонија,  Оливер Спасовски денеска ќе побара од Собранието на Р.С.Македонија да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена, со цел превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Спасовски рече дека ситуацијата е вонредна поради корона вирусот и потребно е да се прогласи вонредна состојба која е предвидена со Уставот на Р.С.Македонија.

-Ова е една од најтешките одлуки на Владата, но е нужна и е многу важна пред се од аспект на економија и на јавното здравје, рече Спасовски, апелирајќи до граѓаните да се придржуваат во мерките што се  подразбираат во ваква состојба. 

-Прогласување на вонредна состојба не значи ограничување на слободното движење на граѓаните, туку поголеми овластувања на државата за справување со пандемијата со вирусот корона, на Владата ќе ѝ даде поефикасни средства за спас на економијата и борба со заразата“, рече Спасовски, и додаде  дека за Владата ова била најтешка одлука, која за првпат се бара да се прогласи во нашата држава.

-Вонредната ситуација пред која сме исправени со ситуацијата со коронавирусот, наложува и вонредни мерки. На денешната седница предложивме воведување вонредна ситуација на територијата на целата држава. Мерките ќе ги радикализираме, за да спречи уште поголем пик на болеста, кој е во најава. Одлучивме да му предложиме на Собранието да се свика и да ја донесе оваа одлука. Но, тоа е распуштено. Има уставна можност претседателот на Република Северна Македонија тоа да го стори и да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена“, рече Спасовски. 

На прес конференција во 14 часот се очекува да се обрати претседателот на Р.С.Македонија Стево Пендаровски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани