2win800x200

Николче Талевски, претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ приватна забава на Груевци

Декември 17, 2017

Централниот штаб на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, на денешната средба во Скопје , донесе став доколку претстојниот Конгрес на партијата на ВМРО-ДПМНЕ не настапи под предзнакот „обединувачки“ нема да земат учество на него.

 

-Донесен е став да се продолжи со барањето за демократизација на партијата, промена на сегашниот статут на партијата и формирање на Управувачки комитет којшто ќе изврши промена на статутот и поинаков начин на делигирање на делегатите . Тие да се производ на членството, а не на лидерот. Доколку овие работи се прифатат , да има еден обединувачки Конгрес и ние како Иницијатива ќе земеме учество. Во спротивно Конгресот ќе биде приватна забава на Груевци, изјави за апла.мк, Николче Талевски, координатор на Битолскиот округ на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ , за Битола, Демир Хисар, Крушево, Ресен, Новаци и Могила и член на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани