2 шлепера хуманитарна помош од ЕСМ и Синдикатот за 1000 семејства во Дебар

Март 20, 2020

АД ЕСМ во соработка со Синдикалната организација на компанијата и Синдикатот на РЕК Битола денес испрати за Дебар хуманитарна пратка за 1000 семејства. Во Дебар е и седиштото на хидроцентрала Шпиље, па од ЕСМ чувствуваат и морална одговорност да помогнат на тамошното население. Во два шлепера испрени се 1000 пакети со најнеопходни прехрамбени продукти, средства за лична хигиена и дезинфекција во вкупна вредност од околу 3 милиони денари. Секој од пакетите содржи по 25 килограми брашно, шест шишиња зејтин, шест килограми шеќер, шест пакетиња макарорни, 20 ролни тоалетна хартија, заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете. Помошта во Дебар ја прими градоначалникот Хекуран Дука.slep 2

slep

„Во овие кризни времиња кои не потсетија на значењето на нашето здравје и нашите животи, како компанија праќаме помош за 1000 семејства од општините Демар и центар Жупа. Уште еднаш ја покажуваме нашата општествена одговорност која сме ја покажале и често пати до сега . Сметаме дека ова можат да го направат и останатите државни и приватни компании, согласно нивните можности и надлежности да помогнат онаму каде има потреба. Само сите заедно можеме, но и мораме да се справиме со вирусот COVID 19“, рече Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.vsko

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани