Полициски час од 21 до 6 часот наутро

Март 21, 2020

 

Од утре, недела, 22 март, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден, нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, изјави вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски. 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија вечерва имаше вонредно обраќање по повод воведувањето ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

-Објавувам дека Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за уште една мерка што за прв пат се воведува во историјата на нашата земја на целата територија. На седница на Владата на Република Северна Македонија, која што туку заврши, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани, односно полициски час. Од утре, недела, 22 март, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата. Повторувам дека ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет, рече Спасовски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани