Webp.net gifmaker

Битолчанец преку скриена камера ги плаши битолчани дека ќе ги прегледува од корона и дезинфицира

Март 22, 2020

Во вонредна состојба, кога надлежните апелираат да се остане дома и да не се дига паника со коронавирусот,битолчанец наречен  „Ritko mdfk“ снима скриена камера заплашувајќи ги граѓаните на Битола  дека ќе им мери температура и ќе уапси. На снмиката наречена „Битола под карантин поради коронавирусот“ Ритко е облечн во бел мантил со хирушка капа, туба и прскалка за дезинфекција.

{YouTube}
.be{/YouTube}
Дел од Видеото е позајмено од Youtube каналот на Ритко МДФК

 

Така облечен се шета низ Гардскиот парк и ги станува битолчани за како што вели да ги „дезинфекцира“ клупите, па додава „и нас ни дават работа ѓомити дезинфекција“ со што кај грѓаните ја руши довербата во мерките што се презмеаат за заштита од вирусот.  На друг граѓанин кого го затекнува кај фонтаната во центарот на градот му вели: „Господине, да не имаш вирус, морам да те проверам, ела со мене. Ела да ти мерам температура. Да не имаш од вирусот ќе те упасам“. Човекот почнува да му се правда дека работи во здравствена институција и дека е здрав. А овој му возвраќа „не смејш да седиш со г..от на клупите ако имаш вирус“, дури отпосле му кажува дека е скриена камера.скриена 2

Понатаму, од клупа брка девојче со дерење. На Шеталиште затекнува неколкумина битолчани со кучиња и бара од газдите да ги држат кучињата за тој да ги попрскал,а потоа и нив да ги „дезинфекцирал“ оти ги држеле. Еден од луѓето му возвраќа „тренирано куче е , ок?“ Овој почнува на англиски да му се дери заканувајќи се дека ќе повика полиција. Ова се само дел од снимените ситуации, а на страната пренесовме само извадок од видео материјалот. 

 Материјалот е објавен на 21 март што значи откако беше воведена вонредна состојба во земјава. Во услови кога и онака постои паника од заразната болест, не е ни време ни место да се поигрува некој со емоциите на битолчани и да ги плаши уште повеќе. Во услови на корона, кога има насоки да се избегнува блисок контакт со други лица тој не го држи потребното растојание. Не се знае ни со што материја прска по клупите низ градот.. Да не беше моменталната ситуација  скриената камера можеше да ги насмее битолчани, но во овие моменти ова не е одговорно однесување. . 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани