Webp.net gifmaker

СЕ ПОСТАВУВААТ ДЕЗИНФЕКЦИОНИ КОРИТА НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО БИТОЛА (ФОТО+ ВИДЕО)

Март 26, 2020

Со цел да се спречи ширење на коронавирусот, Општина Битола поставува дезинфекциони корита на влезовите од градот.

„Со ова ќе се врши дезинфекција на сите возила кои влегуваат во нашата општина. Воедно, изминатите денови вршевме интензивни активности со прскање на сите јавни површини и простори каде постои можност за контаминација и загрозеност на нашето население. Со тие активности продолжуваме и во деновите што следуваат“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Засега во Битола нема регистрирани лица заболени од корона. Но, возила од други градови секојдневно доставуваат стока , пред сѐ прехрамбени продукти во Битола, па оваа мерка е неопходна.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани